Манчевски: Промените во Законот за АВМУ ќе придонесат за професионализација на Агенцијата

Скопје, 04 април 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски се обрати на промоцијата на завршниот извештај за работата на АВМУ и АЕК.

 

Како што истакна министерот Манчевски, вклученоста на граѓанските организации во мониторинг на работата на овие две регулаторни тела е од особено значење затоа што станува збор за различен пристап, од начинот на кој што работат владините институции. Министерот Манчевски претстави дел од измените во Законот за АВМУ, кои се однесуваат на работата на Агенцијата.

Министерот Манчевски претстави дел од измените во Законот за АВМУ, кои се однесуваат на работата на Агенцијата.

 

„Да не го игнорираме големиот бел слон во собата, и да заборавиме дека голем дел од членовите на Советот и на АВМУ и МРТВ се партиски членови, и со тоа дел од проблемот, нотиран во сите релевантни извештаи. Крајно време е партиите да се тргнат од регулаторните тела. Тоа се предвидува со измените во Законот. Членовите ќе се избираат јавно и транспарентно, граѓаните ќе бидат запознаени со нивните кандидатури, и Собраните ќе биде принудено да ги избере најпрофесионалните кандидати“, посочи министерот Манчевски.

 

Во врска со укинувањето на радиодифузната такса, министерот рече дека се работи за нов пристап, со што се обезбедува стабилно и предвидливо финансирање на јавниот радиодифузен сервис.

 

„Реформите во медиумите треба да произлегуваат од медиумските здруженија и граѓанските организации. Соработката е важна за зголемување на довербата, но и за информирање на граѓаните за работата на институциите без за тоа да се потрошат многу пари за скапи реклами“, истакна министерот Манчевски.

 

Министерство за информатичко општество и администрација