Македонско-словенска соработка во ИКТ сферата

Скопје, 14 мај 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска оствари работна средба со г-дин Јуриј Берток, генерален директор на Директоратот за информатика во рамки на Министерството за јавна администрација на Република Словенија.

 

Министерот Манчевски се осврна на тековните проекти и стратешките планови за развој на ИКТ на Владата на Република Македонија и на областите во кои може да биде продлабочена соработката со Република Словенија.

 

На состанокот, г-динот Берток ги сподели словенечките искуства и позитивни практики во областа на дигитализацијата и покажа спремност и отвореност соработката помеѓу двете држави да продолжи и во иднина. Тоа вклучува поврзување на државните институции со бизнис заедницата од областа на информатичкото општество и соработка во сферата на е-влада и дигитализација на јавната администрација.

 

Словенечката страна упати покана за студиска посета до претставници на МИОА, каде што експертски тимови ќе можат да се запознаат со словенечкиот пристап до дигиталната трансформација и остварат директна соработка.

 

На состанокот му претходеше посета на претставник на МИОА кој учествуваше во 11тата Седница на Мешовитaта комисија по Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија, во Љубљана, Словенија, каде беше потпишан Протокол за соработка, кој вклучува и соработка во областите на ИКТ и дигитализација.

 

Министерот Манчевски се осврна и на активности за унапредување на политиките за објавување на отворени податоци од државните институции, заради подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација