Сподели:

Најава: прв хакатон „Биталон“

Скопје, 07 март 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација и израелското министерство за надворешни работи го организираат првиот хакатон „Биталон“, што ќе започне на 10ти март (сабота) во 18:00 часот во Центарот за култура во Битола.

Настанот ќе го отворат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и израелскиот амбасадор Дан Ориан.

Целта за организирање на овој настан е да се раскаже приказната за старата еврејска заедница на Балканот преку еврејските гробишта "Beit hahaim" во Битола.

„Биталон“ претставува можност да учествувате во развојот на дигиталното искуство во “Паркот на живите во Битола”, каде што приказната за еврејската заедница имаше главна улога во минатото и ќе има главна улога во иднината.

На Хакатонот, преку ИТ маратон во траење од 48 часа, на нови решенија ќе работат тимови на млади информатичари, иноватори и креатори од цела Македонија.

Како ментори и судии се јавуваат еминентни експерти од Израел и Македонија, од областа на информатиката, еврејската историја и култура, археологијата, медиумите, лидери на технолошки паркови, инвеститори и универзитетски професори, како и предводниците на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на Меморијален парк на живите на Еврејските гробишта во Битола.

На натпреварот ќе се користат ретки документи, фотографии, видеа и други ресурси кои сведочат за Еврејската заедница во Битола, а кои се собрани од различни истражувачки институции и организации, универзитети, музеи, ладино центри и од приватни колекции од цел свет.

Во натпреварот ќе бидат вклучени повеќе тимови а трите победнички тимови ќе бидат поканети на турнеја низ Израел. Посета на Ерусалим, Тел Авив, средба со водечките технолошки компании, акцелератори и лидери, но и посета на културно наследство.

Промоцијата на победничките тимови од Биталонот ќе биде организирана на специјален настан на 12 Март во Скопје под покровителство на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form