Сподели:

Објавена Нацрт верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија

Скопје, 03 јули 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи во изминатиот период заеднички работеа на изработка на Нацрт верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Им благодариме на сите засегнати страни од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните кои испратија свои предлози, препораки и коментари на работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, објавена на 11.06.2018 година.

Во оваа верзија се интегрирани голем број од коментарите кои ги добивме. Во врска со коментарите кои не се внесени, Ве известуваме за следното:

1)        Критична инфраструктура: од страна на работната група и од страна на засегнатите страни кои ја ревидираат работната верзија беше утврдена потребата од јасно дефинирање на Критична Информациска Инфраструктура (КИИ). Притоа, беше донесена одлука КИИ да биде дефинирана со Акцискиот план, а сите забелешки на Стратегијата кои се однесуваат на КИИ ќе бидат земени предвид при изработката на Акцискиот план .

2)        Дефиниции: Сите поими кои се однесуваат на различни аспекти од сајбер безбедноста, се дефинираат од аспект на оваа стратегија на национално ниво.

3)        Референци: При изработка на стратешки документи, не е вообичаена практика да се наведуваат изворите, односно библиографија на користена литература, како што е случајот со академски трудови.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form