Сподели:

Манчевски: Членовите во советот на МРТВ И ААВМУ да покажат храброст и да дозволат конечно да се спроведат медиумските реформи

Скопје, 24 јули 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во рамки на седницата на Комисијата за транспорт и врски, каде се разгледуваат Измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржа прес конференција.

Во изјава за медиуми, министерот Манчевски информираше за континуираните опструкции од ВМРО-ДПМНЕ за донесување на овој закон.

„И на денешната седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го блокираат процесот на носење на Законот за АВМУ. Медиумските реформи и сите останати реформи во Македонија се во заложништво, поради лични интереси на поединци, со партиска позадина и со барање за амнестија. На комисијата скоро половина година се зборува за се освен за законот, освен за медиумските реформи, и покрај сите катастрофални резултати и оценки во изминтатите десет години“, истакна министерот Манчевски.

Тој се осврна на актуелното членство во советите на МРТВ и АВМУ, и ги повика да дозволат конечно да се спроведат реформите во медиумите.

„Сакам да апелирам на совест и доблест на луѓето кои членуваат во Советот на МРТВ и Советот на Агенцијата. Апелирам пред се за нивната  лична храброст да поднесат оставка. Да дозволат медиумските реформи да се случат во Македонија. Да дозволат политичарите и сите политички партии да ги тргнат рацете од медиумите. Да дозволат отворена и транспарентна постапка во којашто јавно, со име и презиме ќе се изберат членовите на овие две тела. Ќе можат и тие повторно да аплицираат и доколку исполнуваат услови да бидат избрани повторно. Мораме конечно да продолжиме со реформите во медимскта сфера и со сите останати реформи кои од процедурални причини, но во позадина поради партиски интереси и со барање за амнестија, континуирано се кочат“, заклучи Манчевски.

За измените во Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, во јули минатата година, беше отворен широк консултативен процес. За скоро една година одржавме голем број на дебати, средби, состаноци, консултации на ЕНЕР...

Овој пристап беше поздравен од сите засегнати страни, кои се вклучија во процесот.

Измените во законот за АВМУ, гарантираат услови за професионализација на медиумските тела. Овозможуваат слободно и независно работење на медиумите во државата. Најважно од се, даваат шанса политичарите да ги тргнат рацете од медиумите.

Тоа што е најзначајниот исчекор што се прави со овие измени е конечна професионализација на Советот на АВМУ и на МРТВ. Тоа Законот го обезбедува преку транспарентен процес на избор, поставување на јасни критериуми за кандидатите и вклученост на сите засегнати во процесот, за да се оневозможи политичко влијание и неквалитетни, партиски кадри да бидат дел од советите.

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од пет месеци, со поднесување на 64 амадмани од вкупно 81 го кочи процесот на усвојување на Законот во Собрание.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form