Сподели:

Владата ја разгледа и усвои Информацијата како и Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2018-2020

Скопје, 12 септември 2018 год.

Владата на вчерашната 88-ма седница ја разгледа и усвои Информацијата, како и Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година. Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација да формира работна група со сите чинители за имплементирање на националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, најдоцна до 30 септември 2018 година.

Инаку Владата на Република Македонија до сега има усвоено три акциски планови во 2012-та, 2014-та и во 2016-та година за соодветните двегодишни периоди. Четвртиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, вклучува широк спектар на активности кои Владата ќе ги преземе во следните две години се со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста на власта, подобрување на ефективноста на институционалните механизми за пристап до информации, пристап до правда, фискална транспарентност, управувањето со податоците и чувањето регистри во државните и во јавните институции, како и зголемување на стандардите за интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани на Република Македонија.


Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form