Сподели:

Министерот Манчевски ја отвори регионалната конференција за Сајбер безбедност

Скопје, 9 октомври 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција на тема: „Сајбер безбедност: Соработка и размена на информации“, во организација на АЕК и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија.

Министерот Манчевски во своето обраќање се осврна на постигнатите резултати во изминатата година во контекст на сајбер безбедноста во Македонија.

„Во Европскиот месец на сајбер безбедност, кога ќе погледнам назад, навистина сум задоволен од постигнатото изминатава година. Особено што успехот постигнат во оваа област беше нотиран и од Европската Комисија.

Како што веќе беше објавено, тим составен од стручни лица од МИОА, Министерството за одбрана и Министерството за внaтрешни работи, ја изработија Националната стратегија за сajбер безбедност 2018-2021. По завршувањето на овој процес, работната група се посвети активно на подготовка на Акцискиот план. Првата работна верзија од Акцискиот план веќе е објавена на веб страната на МИОА“, информираше министерот Манчевски.

Како што истакна тој, на работниот состанок во Подгорица, што се одржа вчера, повторно беше разговарано за можноста и спремноста на Македонија, да биде домаќин на првата регионална Акaдемија за сајбер безбедност. Поддршката за оваа идеја Македонија има како и од земјите од регионот, така и од еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.

„Сајбер безбедноста не е само ИТ-тема. Од тука, за гарантирање на безбедноста соработката е клучна. Во наредниот период особено внимание ќе  посветиме и на зајакнување  на соработката меѓу приватниот и јавниот сектор со подигнување на едно ново, партнерско ниво. Соработката со приватниот сектор ќе овозможи безбедна средина за размена на информации, истражување и развој. Обезбедувањето на безбедна инфраструктура за размена на информации ќе го стимулира претприемништвото, а со тоа ќе ја поддржи конкурентноста на сите домашни компании и ќе ги заштити нивните инвестиции“, заклучи министерот Манчевски.

На отворањето на конференцијата се обратија и заменик-амбасадорот на Кацеларијата на ОБСЕ во Македонија, Џеф Голдстеин и директорот на АЕК, Сашо Димитријоски.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form