Сподели:

Државниот секретар Јахи Јахија во посета на Институтот за јавна администрација на Бугарија

Софија, 07 ноември 2018 година

Државниот секретар на МИОА Јахи Јахија денеска беше во посета на Институтот за јавна администрација на Република Бугарија и оствари средба со директорот Павел Иванов и неговиот тим. На средбата беше дискутирана можноста за билатерална соработка меѓу двете држави во областа на реформата на јавната администрација со акцент на областа на обуките. Република Бугарија како членка на Европската Унија има искуство и знаење во јавна администрација па секоја помош од нивна страна би била добредојдена и важна за нас и нашиот стремеж за реформи во јавната администрација и влез во ЕУ.

Од двете страни беше искажано задоволството за можноста за соработка. Се заклучи дека и двете страни ќе остварат напори од своја страна со кои оваа соработка би се продлабочила. Во рамки на оваа посета на Р. Бугарија, државниот секретар Јахи Јахија имаше средба и со Парламентарниот секретар на Бугарија Љубомила Станиславова.

Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form