Сподели:

Министерот Манчевски беше дел од презентација на првиот Национален извештај од следењето на реформите на јавната администрација

Скопје, 27 ноември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска беше дел од дискусија и презентација на првиот Национален извештај од следењето на реформите на јавната администрација, спроведен во рамки на проектот ВеБЕР.

Како што истакна министерот Манчевски, ваков тип на проекти и извештаи кои ги детектираат предностите, но уште поважно, слабостите во процесот на реформа во јавната администрација, се од особена важност за да јасна и објективна слика за тоа како се одвиваат процесите внатре во институциите. Граѓанскиот сектор е тука преку мониторирање да придонесе за подобрување на работата на институциите.

„Како што и самата подготовка на Стратегијата и Акцискиот план за реформа на јавната администрација беше инклузивен процес, така и имплементацијата на мерките и активностите предвидени во стратегијата, се одвива транспарентно и со редовни известувања за завршените и тековните активности. Работата на јавниот сектор влијае врз секој граѓанин на државата, а очекувањата за побрзи и поквалитетни усуги постојано се зголемуваат. Притисокот да се биде креативен и иновативен во барање на решенија за проблемите и очекувањата на граѓаните ја наметнува потребата од постојана кординација и будно следење на сите случувања“, истакна министерот Манчевски.

Министерот Манчевски се осврна на клучните проекти на кои работи МИОА, а се темелат на приоритетите кои произлегуваат од Европското партнерство, препораките од изештаите за напредокот на Македонија, извештаите на СИГМА за административните капацитети на институциите и консултативниот процес со сите релевантни институции.

„Министерството за информатичко општество и администрација прави голем исчекор во насока на професионализација и департизација на јавната администрација. Тоа е едно од клучните барања на граѓаните, но и на нашите партнери од ЕУ. Во моментот работиме на  Закон за висока раководна служба. Целта е поставување на јасни стандарди и критериуми, како и полна транспарентност при изборот и разрешувањето на раководителите на институциите во Македонија. Конечно мораме да знаеме кои позиции се политички именувања, а кои се професионални. Да бидеме искрени, притисокот и политизацијата на администрацијата може да дојде од раководниот кадар. Затоа овој закон би требало да го реши овој проблем. Ова е можеби еден од најважните чекори во процесот на професионализацијата на администрацијата, што е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација. Тоа ќе се постигне преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и правична застапеност“, информираше министерот Манчевски.

Истражувањето презентирано денеска, покажа дека консултациите со граѓанските организации во однос на Стратегијата за РЈА 2018-2022 беа инклузивни и транспарентни. Во рамки на регионот, Македонија ги покажува едни од најдобрите резултати со тоа што буџетите се лесно достапни и постојат полугодишни и квартални извештаи. Граѓанскиот буџет како еден од најдобарите примери во регионот, а сите буџети се достапни во отворен формат.

Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form