Сподели:

ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ОПЕРАТИВЕН БРОДБЕНД ПЛАН

Скопје, 11 јануари 2019 год.

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за Националниот оперативен план, на 17-ти јануари 2019 година (четврток), со почеток од 10:00 часот, во Клуб на пратеници.

На јавната расправа ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Целта е преку отворен дијалог да се финализира текстот на оперативниот бродбенд план. Од тука, на јавната расправа се поканети сите засегнати страни, кои се повикани да се вклучат во дискусијата и со свои предлози, коментари и критики да придонесат кон подобрување на предлог текстот.

Претходно МИОА, ја објави работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план, достапна на следниот линк:  http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/1550

Со цел подготовка на овој документ МИОА во почетокот на јануари годинава формира четири работни групи, во кои учествуваа преставници од државни органи и тела, регулаторни тела, универзитети, општини, оператори, стопански комори, јавни претпријатија и приватни компании.

Замолуваме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 16-ти јануари, 15.00 часот, на маил: odnosisojavnost@mioa.gov.mk

 

 

 

                                                                                

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form