Сподели:

TRAININGS

Скопје, 06 февруари 2018 година

Во функција нa реализација на обврската од Точка 35: Информација за Е-обука за родова еднаквост (основен и напреден модул) за државната администрација, поставена во електронскиот Систем за управување со учењето(СУУ/LMS) од Четириесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 4.1.2018 година, каде се задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, да спроведе обука за ИТ администраторите за користење на електронскиот Систем за управување со учењето, известуваме декa беа спроведени две обуки на 26. и 29.01.2018 година, во Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација.

Скопје, 22 декември 2017 година

Заврши првата фаза на обуки наменети за инспекторите од централната власт за примена на Законот за општа управна постапка (ЗОУП). Во изминатите десет дена во Скопје, се одржаа обуки на кои присуствуваа 450 инспектори.

Скопје, 19 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) од денеска започнува со обуки на тема: Управување со квалитет во јавниот сектор.

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form