Средба Манчевски- Герберих

Скопје, 01 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се сретна со германскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

 

Манчевски: Листа на документи кои министерствата се задолжени да ги објават на сајт

Скопје, 31 октомври 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа прес конференција.

Министерот Манчевски ја информираше јавноста дека Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, што се однесува на листа на акти и материјали коишто министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб страни.

НАЈАВА

Скопје, 31 октомври 2017 година

Почитувани,

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе одржи прес конференција.

Прес конференцијата ќе се одржи со почеток од 14.15 часот во медиа центарот во Владата на РМ.

Соопштение

Скопје, 30 октомври 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во прилог ги објавува коментарите и правното мислење на Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на Предлог-Законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

МИОА: Меморандум за соработка УВМК

Скопје, 18 октомври 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска присуствуваше на потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Управата за водење на матични книги и Коморите на адвокатите, на нотарите и на извршителите. Со овој Меморандум се уредува соработката во областа на граѓанските состојби, матичното работење, начинот и постапката на размена на податоци како и видовите на податоци кои се разменуваат помеѓу Управата и Коморите.

Заклучоци од состанокот на СГ-РЈА помеѓу ЕУ и Македонија

Скопје, 10 октомври 2017 година

На седмиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ-РЈА) помеѓу Европската унија и Република Македонија беа донесени заклучоци кои се однесуваат на неколку области: стратешкиот рамка за реформа на јавната администрација, развојот на политиките и координацијата, јавните услуги и управувањето со човечките ресурси, управувањето со јавните финансии, отчетноста и антикорупцијата и институционалната интеграција.

Програма за генерички обуки на административните службеници

Скопје, 9 октомври 2017 година

Во контекст на стратешките цели и приоритети, Владата на Република Mакедонија се залага за одржување на стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна јавна администрација која ќе обезбедува квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот.

Владина делегација на средба со претседателот на НДИ

Скопје, 6 октомври 2017 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со Заменичката претседателка на владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одржаа средба со делeгацијата на Националниот демократски институт од САД, предводена од претседателот на НДИ, Кен Волак.

Министерот Манчевски на работна посета на Брисел

Брисел, 03 октомври 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска е во работна посета на Брисел.

 

Министерот Манчевски е еден од говорниците на настанот организиран од Центар за европски политики, на тема: „Реформите во јавната администрација и проширување на Европската Унија – Перспективите на граѓанското општество на Балканот“.

Министерот Манчевски дел од настанот "Јавните услуги: Иднината “

Скопје, 02 октомври 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше дел од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon за оваа година. 17-тиот настан беше на тема "Јавните услуги: Иднината “.

 

Презентирани Е-модули за родова еднаквост

Скопје, 29 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ги презентираа Е-модулите за родова еднаквост. Модулите се подготвени со поддршка на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените- UN Women.

Syndicate content