Реакција на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 04 април 2016 година

 

Манипулациите на Александар Кирацовски, на денешната прес конференција ги поминаа сите граници. Несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовски и на луѓето кои ги распореди во својот кабинет, сака да ги оправда со префрлање на вината на луѓе кои деноноќно работејќи, професионално и стручно си ја извршуваат својата работа.Заради запознавање на јавноста со сите детали околу темата која беше предмет на денешната прес конференција ја информираме јавноста за следното:

Арсовска Томовска се обрати на отворањето на Саемот за вработување и пракса ,,Контакт 2016”

Скопје, 04 aприл 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на Саемот за вработување и пракса ,,Контакт 2016“, во организација на студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ. Настанот кој ќе трае три дена, има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите од друга страна.

Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година - Прв нацрт

Скопје, 01 април 2016 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

 

Ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација го објавува првиот нацрт текст на третиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018.

Арсовска Томовска се сретна со австралиската пратеничка Алана Мектиернан

Скопје, 01. Април 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари средба со Алана Мектиернан, пратеник во Долниот дом на Федералното собрание на Австралија. На средбата присуствуваа и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски и советникот за регулаторни прашања од Агенцијата за Електронски комуникации, Владимир Ристевски.

Презентиран Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор

Скопје, 31 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска го презентираше Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2015 година, кој веќе е објавен на веб страната на министерството, на следниов линк: http://mioa.gov.mk/?q=node/216.

РЕАКЦИЈА-МИОА

Скопје, 31 март 2016 година

Почитувани, дополнителниот заменик на министерот денеска ја манипулираше јавноста, преку паушални, тендециозни изјави во врска со проектот „Компјутер за секое дете“.

Арсовска Томовска присуствуваше на свеченоста по повод петгодишниот јубилеј на ФИНКИ и им врачи награди на најдобрите студенти

Скопје, 30 март 2016

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) денеска ја одбележа петгодишнината од основањето, при што на свеченоста присуствуваше Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска која им врачи награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5. На свечената прослава беа доделени и дипломи на сите завршени и магистрирани студенти од 2015-та година.

Арсовска Томовска го отвори 27. Државен натпревар по информатика

Скопје, 26 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска го отвори 27. Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Република Македонија. Станува збор за натпревар по програмирање на кој учествуваат најдобрите 100 ученици од основните и средните училишта, претходно селектирани од учесниците на регионалните натпревари по информатика.

,,Алокејт Софтвер” ја зголемува инвестицијата во Македонија и го проширува својот центар за развој на апликации

Скопје, 23 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска присуствуваше на свеченото отворање на втората канцеларија на британска компанија ,,Алокејт Софтвер”, која одлучи да ја зголеми инвестицијата во Република Македонија и значително да ги прошири своите капацитети. Со почетна планирана инвестиција од 5 милиони евра во претстојните пет години, ,,Алокејт Софтвер” сега ја зголемува инвестицијата на речиси 7,5 милиони евра за истиот период. Со тоа тимот ќе се прошири од 25 на 55 програмери за развој на софтверски апликации.

Конференција ,,Отворено владино партнерство– дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018".

Скопје, 23 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ја отвори конференцијата ,,Отворено владино партнерство -дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018", во организација на проектот ТАКСО (Техничка поддршка за граѓанските организации) и МИОА. Целта на дводневната конференција е да ја промовира иницијативата Отворено владино партнерство меѓу граѓанските организации и подетално да ги информира за остварениот прогрес, да создаде простор за дискусија меѓу граѓанските организации и владините институции за искуствата и предизвиците во спроведувањето на вториот акциски план и да им овозможи на граѓанските организации да дадат насоки и препораки за дизајнирањето на следниот акциски план.

Арсовска Томовска се обрати на конференцијата ,,ИКТ и вработување: потреба и можности“

Скопје, 16 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на конференцијата ,,ИКТ и вработување: потреба и можности", во организација на здружението ,,Отворете ги прозорците", а во рамки на одбележувањето на европската кампања „Недела на дигитално вклучување 'Get Online Week 2016'. Темата на конференцијата е поврзана со дигиталната инклузија, а целта е јакнење на свеста во однос на потребата и можните придобивки од користењето на информациско комуникациските вештини, на отворениот пазар на труд.

Syndicate content