Реакција на МИОА

Скопје, 11 март 2016 година

Почитувани,

 

Ако дополнителниот технички назначен заменик-министер Кирацовски подобро го прочита членот 2 од Изборниот законик и ако има било какво познавање на законските прописи и законскиот статус на правните лица, ќе види дека вработените во пионерските домови, работничките универзитети и јавните претпријатија никогаш не биле дел од изборната администрација. Тоа значи дека овие лица ниту некогаш претходно ниту пак сега ќе бидат дел од листата која и е потребна на Државната изборна комисија./p>
Заменик министерот Муцунски се обрати на настанот на СИГМА во однос на реформите во администрацијата

Скопје, 11 март 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски се обрати на настанот во организација на СИГМА(заедничка иницијатива на ОЕЦД и ЕУ), за реформите на јавната администрација. На настанот беше претставен основниот извештај за реформите што на тоа поле биле спроведени во 2015 година во Република Македонија, а кој ги содржи достигнувањата, но и идните предизвици што претстојат.

Реакција на МИОА

Скопје, 10 март 2016 година

Почитувани,

 

Во врска со партиската прес конференција на дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски, одржана на 10.03.2016 година, заради запознавање на јавноста со фактите кои свесно или несвесно се прикриваат од страна на Кирацовски, би сакале да укажеме на следното:

ЈАВЕН ПОВИК за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма

Скопје, 07 март 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно член 92-г од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 184/13, 13/14, 44/14,101/14 и 132/14), распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за одобрување на проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за кои ќе се изврши исплата на надоместок за покривање на трошоците

Реакција на МИОА

Скопје, 03 март 2016 година

Во врска со прес конференцијата на дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски, би сакале да ја известиме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација се оградува од невистинитите наводи искажани на партиските прес конференции на Александар Кирацовски, за чија реализација се користат службени простории, службени технички средства, службени е-маил адреси на Министерството. Кирацовски наводно се залага за деполитизација на администрацијата, но политизацијата во Министерството започна токму со неговото доаѓање и држењето на партиски прес-конференции во рамките на институцијата, во која претходно никогаш такво нешто се нема случено, а за што можете да се уверите и со пристап до веб страната mioa.gov.mk.

Оглас за позицијата директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Скопје, 01 март 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) го објави огласот за позицијата директор на организацијата и ги повикува заинтересираните кандидати да аплицираат за функцијата до 31 март 2016 година.

 

Заменик министерот Муцунски на отворањето на “Code App, Level Up 3”

Скопје, 29 февруари 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски се обрати на свеченото отворање на “Code App, Level Up 3”, семинар и практична работилница од меѓународен карактер во кој учесниците од Македонија, од 29.февруари до 5.март, ќе имаат можност да споделат знаења и идеи со студентите од цела Европа.

Арсовска Томовска на Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона

Барселона, 23 февруари 2016 година

Делегација предводена од Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 22 и 23 февруари учествуваше на Министерската конференција што се одржува во рамки на Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона. Веќе 11-та година по ред, Министерската програма претставува влијателен форум на кој се собираат високи меѓународни претставници кои дискутираат за бројни прашања поврзани со мобилната индустрија.

Пуштен во употреба сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор

Скопје, 18 февруари 2016 година

На конференцијата за печат на 12 февруари 2016 година Министерството за информатичко општество и администрација го објави вкупниот број на лица вработени во институциите на јавниот сектор, кој заклучно со истиот датум изнесува 127.139 вработени.

Денеска, како што најавивме, официјално е пуштен во употреба сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, која ја води Министерството за информатичко општество и администрација.

Арсовска Томовска оствари работна средба со Шпинделегер

Скопје, 17 февруари 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари работна средба со Михаел Шпинделегер, генералниот директор на агенцијата ИЦМПД со седиште во Виена, кој воедно е и претседател на Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија.

Објавени нови податоци за вкупниот број на вработени во јавниот сектор

Скопје, 12 февруари 2016 година

Денеска во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација се одржа прес конференција за информирање на јавноста за активностите кои министерството, ги реализираше во изминатава година а се однесуваат на воспоставување на системско решение со кое државата во секој момент ќе може да обезбеди точни податоци за бројот и видот на институциите, како и бројот и структурата на вработените во јавниот сектор, а со цел транспарентност во работата и правилно креирање на политиките во областа на човечкиот потенцијал со кој располага јавниот сектор.

Syndicate content