Прес конференција на Министерката Марта Арсовска Томовска

Скопје, 26.октомври 2016 година

Почитувани,

Со оглед на фактот што деновиве повторно тема на политички маркетинг се вработените во јавниот сектор, јас како министер надлежен за ресорот администрација, чувствувам законска но пред се морална обврска да се обратам до сите вработени во јавниот сектор, но и до целата македонска јавност и да ја објаснам законската процедура преку која е загарантирана заштитата на секој граѓанин, вклучително и на вработените во јавните институции. Ова го правам со цел да спречам понатамошно ширење на дезинформации и користење на оваа тема за политички маркетинг од страна на определени државни функционери, кои се закануваат со затвори и казни за вработените, без притоа да имаат барем елементарно познавање на законската регулатива поврзана со оваа материја.

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 25.октомври 2016 година

Повикувањето на вработените во јавниот сектор од страна на дополнителниот заменик министер на негова приватна веб страница www.dzm-mioa.mk регистрирана на неговата домашна адреса, како и преку дистрибуција на флаери и промотивен материјал кој не е подготвен, одобрен ниту финансиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, да пријавуваат притисоци, заплашувања, повреда на слободата на определување и поткуп поврзани со изборниот процес, не е во согласност со ниту еден позитивен законски пропис во Република Македонија, вклучително и Законот за заштита на укажувачи и Законот за заштита на личните податоци. Уште повеќе, дополнителниот заменик треба да одговори на прашањето со колкави средства и од кои извори е финансирано печатењето на флаерите и подготовката на неговата веб страна.

Македонија 9-та во светот, на натпреварот ′Microsoft Office Specialist′ во САД

Скопје, 25. октомври 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на настанот во организација на Certiadria, на кој беа сублимирани позитивните резултати од првиот Национален натпревар ′Microsoft Office Specialist′. Победникот од овој натпревар, 17 годишниот Марко Марковиќ ја претставуваше Македонија на Светското финале што се одржа во август во Орландо, САД, при што го освои високото 9-то место во Microsoft PowerPoint 2013, во конкуренција на 120 натпреварувачи од целиот свет.

Заменик министерот Муцунски во Њујорк оствари средба со Потсекретарот на Обединетите Нации, Ву Хонгбо

Њујорк, 25 октомври 2016 година

Во рамки на посетата на Обединетите Нации во Њујорк, Заменик Министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски оствари средба со Потсекретарот за економски и социјални прашања на ОН, Ву Хонгбо. Двајцата соговорници детално разговараа за Целите за одржлив развој на Обединетите Нации и за начините, како глобалната заедница да посвети посебно внимание во нивната имплементација.

Арсовска Томовска се сретна со новата директорка на РЕСПА

Скопје, 25 октомври 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се сретна со новата директорка на Регионалното школо за јавна администрација (ReSPA), Ратка Секуловиќ, која на оваа позиција дојде во јули 2016 година.

РЕАКЦИЈА на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 19 октомври 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација ја поздравува денешната прес конференција на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, која неслучајно ја презема работата на опозицискиот заменик министер Кирацовски и за прв пат после цела година учество на опозицијата во министерството почна да зборува за реални теми кои ги интересираат граѓаните.

Но истовремено, и укажуваме на Шеќеринска дека тоа што таа го најавува за шест месеци, е веќе во фаза на реализација.

Арсовска Томовска на конференцијата „Стандарди за е-транспарентност и е-отчетност на локално ниво“

Скопје, 19 октомври 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска имаше воведно излагање на конференцијата со наслов: „Стандарди за е-транспарентност и е-отчетност на локално ниво“, во организација на Центарот за управување со промени, Центарот за одржлив развој АЛКА, Британската Амбасада и Делегацијата на Европската Комисија. Целта на конференцијата е да се отвори дебата за отвореноста и отчетноста на локално ниво и да ја покаже важноста на овие прашања во контекст на придобивките на отворена Влада.

РЕАКЦИЈА на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 14 октомври 2016 година

Денеска имавме можност да видиме како дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, тврди дека на веб страницата на која го навел називот на министерството, а која си ја регистрирал на неговата домашна адреса во Битола, добил наводен список за изборни притисоци, кој според неговата изјава содржел имиња, презимиња, работни места, телефонски броеви и адреси од вработени во администрацијата. Без да навлегуваме во точноста и основаноста на ваквите тврдења, укажуваме дека ваквиот начин на праќање и прибавување на податоци претставува реална можност од незаконско користење на лични податоци на граѓани, и ја повикуваме Дирекцијата за заштита на лични податоци да преземе активности од своја надлежност.

Арсовска Томовска се сретна со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија

Скопје, 06. октомври 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, неговата екселенција г-дин Кристијан Тимоние.

Арсовска Томовска се сретна со Саша Огненовски- претседател на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК)

Скопје, 6 октомври, 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, по вчерашната средба со МАСИТ, денеска одржа работен состанок и со ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК).

Нема да дозволиме административците да трпат политички притисоци

Скопје, 05 октомври 2016

Интервју на Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, за „Вечер“.

http://vecer.mk/makedonija/nema-da-dozvolime-administrativcite-da-trpat-politichki-pritisoci

 

Syndicate content