МИОА имаше воведно излагање на конференцијата за Отворени податоци

Скопје, 14 септември 2016 година

Стручен тим на Министерството за информатичко општество и администрација учествуваше на денешната конференција на тема: „Отворени податоци за трошење на јавните средства – искуства од регионот и состојба во Македонија”,во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Во воведното излагање, беа посочени мерките што МИОА ги спроведува како координатор на процесот на Отворено владино партнерство, при што посебен акцент беше ставен на приоритетите кои се однесуваат на партиципативно креирање на политики, отворени податоци и фискална транспарентност, добро владеење , спречување на корупција, како и отвореност на локално ниво.

Арсовска Томовска на средба со Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите Нации

Скопје, 13 септември, 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации г-ѓа Луиза Винтон.

Средба со Јорген Рингард од ЕУ, задолжен за истражувачко медиумско известување

Скопје, 12 септември 2016 година

 

Во Министерството за информатичко општество и администрација се одржа работна средба меѓу претставници од Секторот за комуникации при министерството и г-дин Јорген Рингард од Данска, задолжен од Европската Унија да изврши проценка на потребата и можноста да се подобри квалитетот на новинарството и истражувачкото известување, преку подобрување на образовните капацитети за медиумските професионалци во Западен Балкан.

Заменик министерот Муцунски се сретна со Питер Евераерс од ЕУРОСТАТ

Скопје, 5 септември 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска го прими Питер Евераерс, директор на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори при ЕУРОСТАТ. На средбата се разговараше за тековните активности и проекти на Министерството, законите за коишто МИОА има надлежност, како и нивната примена.

Арсовска Томовска на Министерска средба за Дигитална Tрансформација на Западен Балкан

Блед, 5 септември 2016 година

Во рамки на 11-от Стратешки форум во Блед, Република Словенија, денеска се одржа Средба на министрите од Западен Балкан на тема "Креирање околина за Дигитална Трансформација - Улогата на државата".

 

Министерот Марта Арсовска Томовска имаше свое обраќање на средбата на кое укажа дека за Дигитална Трансформација не е доволна само технологија, туку и стратешка определба на држава и посветено лидерство.

Отворен бесплатен интернет клуб во Кривогаштани, во рамки на проектот „Светот на дланка“

Кривогаштани, 2 септември 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денеска го отворија новиот бесплатен интернет клуб, во рамки на проектот на МИОА, „Светот на дланка“. Станува збор за 31- от по ред бесплатен интернет клуб кој се отвора на територијата на Република Македонија.

Република Македонија -плодна почва за ИТ таленти

Скопје, 1 септември 2016 година

Министерката за информатичко општество и админстрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари средба со претседателот на здружението на информатичари на Македонија, Миле Јованов, при што му честиташе за најновите успеси на нашите млади информатичари на меѓународните натпревари, односно освојувањето на бронзените медали на Балканската и Светската Олимпијада по информатика, кои летово се одржаа во Никозија, Кипар и во Казан, Русија.

Работна средба во МИОА за постојните законски и подзаконски решенија

Скопје, 29 август 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска заедно со стручен тим на МИОА денеска одржаа работна средба со директорите на Државниот управен инспекторат Ромео Деребан, Агенцијата за администрација Жаклина Николовска, на Ј.П. Македонска радиодифузија Јулијана Спировска и на МАРНЕТ Игор Мирчески.

Соопштение

Скопје, 26 август 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во насока на исполнување на барањето на Европската Комисија во однос на владиното рекламирање, утврдено во листата на Итни реформски приоритети од Јуни 2015 година, изготви Предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Законот има за цел да одговори на приоритетот за “воспоставување на строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми”, како и „за обезбедување на целосна транспарентност на владиното рекламирање, не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините”.

Нов бронзен медал за Македонија на Меѓународната олимпијада по информатика

Казањ, Русија, 17 август 2016 година

Младите македонски информатичари постигнаа нов голем успех, освојувајќи бронзен медал на 28-мата по ред Меѓународна олимпијада по информатика, која од 12-ти до 19-ти Август се одржува во Казањ, Русија.

 

КОНКУРС за доделување стипендии за магистерски и докторски студии за студиската 2016/2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во рамки на заедничката соработка со Институтот за јавна администрација за Турција и Блискиот Исток (The Public Administration Institute for Turkey and the Middle East -TODAİE) објавува КОНКУРС за доделување стипендии за магистерски и докторски студии за студиската 2016/2017 година.

Syndicate content