Арсовска Томовска учествуваше на јавна собраниска расправа

Скопје, 19 јули 2016 година

Денеска на 68-та Седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија се одржа јавна собраниска расправа на тема „Предлог - закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции“.

И денеска одржани брифинзи за законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции

Скопје, 08 јули 2016 година

Денеска во Министерството за информатичко општество и администрација се одржа брифинг за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, со претставници на печатените медиуми заведени во Регистарот на печатени медиуми на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и со претставници на интернет порталите.

Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции и пред регионалните и локални телевизии и радија

Скопје, 07 јули 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со одржувањето брифинзи за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

Продолжуваат брифинзите во МИОА, за законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции

Скопје, 06 јули 2016 година

Стручен тим од Министерството за информатичко општество и администрација предводен од Министерката Марта Арсовска Томовска и денеска продолжи со брифинзите за новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

Брифинг за законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции во МИОА, со претставници на ЗНМ, МАН и ММА

Скопје, 04 јули 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација денеска одржа брифинг со претставници на Македонската Медиумска Асоцијација, Македонската Асоцијација на Новинари и Здружението на Новинарите на Македонија. Тема на брифингот беше презентирање на предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, како и предлози и сугестии од засегнатите страни за унапредување на текстот на законот.

Две бронзи за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Кипар

Скопје, 03 јули 2016 година

Македонските средношколци Владимир Максимовски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и Димитар Бајрактаров, ученик во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица освоија два бронзени медали на 24-та Балканска олимпијада по информатика, која од 27-ми јуни до 2 јули се одржа во Никозија, Кипар.

Арсовска Томовска на работен состанок во Велес за новиот ЗОУП

Велес, 1 јули 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска одржа работен состанок со градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Велес, за новиот Закон за општата управна постапка.

Јавна консултација со граѓанскиот сектор за новата Стратегија за РЈА

Скопје, 30 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска имаше воведно обраќање на јавната консултација со граѓанскиот сектор насловена како „Приоритети за новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2016–2021“, во организација на проектот ИПА 2 механизмот за граѓански организации.

Заменик министерот Муцунски на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП

Охрид, 29 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски одржa работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид. Состанокот беше посветен на новиот Закон за општата управна постапка со кој се поедноставуваат постапките за вадење на документи од државните институции.

Известување за можност за поднесување проекти за добивање на грант за организации кои работат на отворени податоци

Скопје 29 јуни 2016 година

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Институтот за отворени податоци од Лондон (ОДИ) со цел да помогне во остварувањето и промовирањето на иновативните начини на искористување на податоците кои можат да покажат долгорочна вредност, објави повик за поднесување проекти за доделување на грант од 7 илјади фунти за четири проекти.

Од 1 август најголеми промени во последните 80 години, со новиот Закон за општа управна постапка

Скопје, 28 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска на денешната прес конференција се осврна на најголемите промени во работата на јавната администрација во последните 80 години, предвидени со новиот Закон за општа управна постапка, кој ќе почне да се применува од 1 август 2016 година.

Syndicate content