Промоција на концептот „Девојките во технологијата”

Скопје, 17 април 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација и Панче Кралев, министер за образование и наука, денес, 17 април 2012 година, го посетија Средното училиште на Град Скопје „Орце Николов”.

Со поддршка од ОБСЕ и годинава ќе се подобрува капацитетот на македонската администрација

Скопје, 12 април 2012

Министерството за информатичко општество и администрација и во текот на годинава со низа активности ќе го јакне капацитетот на администрацијата и ќе ја унапредува регулаторната политика.

 

АЕК ги намали големопродажните цени на Македонски телеком за фиксна телефонија и интернет

Скопје, 10 април 2012

Агенцијата за електронски комуникации - АЕК од 1 мај годинава ги намали цените на фиксните големопродажни услуги на Македонски телеком за завршување на повик во фиксната телефонија, за пристапот до фиксна мрежа (разврзана локална јамка) и за широкопојасен интернет (битстрим).

Известување

За поднесување барања за посетување  на прва почетна обука за проценувачи од областа Информатичка технологија

Скопје, 10 април 2012

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за првото полагање на стручниот испит за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

Министерот Ивановски во Охрид се сретна со австралискиот сенатор Стивен Конрој

Скопје, 02 април 2012

Министерот за информатичко општество и администација Иво Ивановски утрово имаше работна средба со сенаторот Стивен Конрој, министер за широкопојасен интернет, комуникации и дигитална економија, заменик претседател на Владата во Сенатот и помошник министер на премиерот за дигитална продуктивност во Владата на Австралија.

Македонскиот проект за интернет-киосци во руралните средини пример за развој на информатичкото општество

Скопје, 02 април 2012

Проектот на Владата на Република Македонија за поставување интернет-киосци во руралните средини ќе биде дел од глобалната агенда на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет, како позитивен пример за активности во насока на развој на информатичкото општество.

Три теми во фокусот на дискусиите на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што се одржа во Охрид

Скопје, 02 април 2012

Три теми беа во фокусот на дискусиите во рамки на Состанокот на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет и дигитален развој што денеска се одржа во Охрид.

 

Промовиран проектот „Е-агро берза преку СМС“

Скопје, 01 април 2012

Од средината на април ќе почне реализацијата на пилот проектот „Е-агро берза преку СМС“ којшто ќе овозможи поголема конкурентност на пазарот на тргување со земјоделски култури и достигнување на повисока цена на производот.

Карлос Слим пристигна во Македонија

Скопје, 31 март 2012

Мексиканскиот бизнисмен со либанско потекло Карлос Слим пристигна во Македонија. На средба со премиерот Никола Груевски попладнево дискутираа за повеќе теми. Доста е подготвен за  економските аспекти на земјата. Сака да ја запознае државата, да види кој ја раководи. Ова е прв состанок на Слим, а утре на работен состанок со повеќе економски министри ќе се запознае со владините проекти за привлекување странски директни инвестиции.

Премиерот Груевски во посета на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 30 март 2012

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 30 март 2012 година) оствари средба со раководниот тим во Министерството за информатичко општество и администрација.

Проект за поголема транспарентност и достапност на јавните податоци

Скопје, 21 март 2012

Достапни и транспарентни податоци од отворени сигурни и ефикасни државни институции кои соработуваат и комуницираат со граѓаните треба да овозможат мерките од Акцискиот план што го подготвува Министерството за информатичко општество и администрацвија како дел од Иницијативата за отворена влада, чиј потписник е Република Македoнија.

Syndicate content