Министерот Ивановски пред тетовските бизнисмени ја претстави четвртата фаза од регулаторната гилотина

Скопје, 24 февруари 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната регионална средба во Тетово на која присуствуваа претставници на голем број компании од градот и околината го претстави почетокот на четвртата фаза на регулаторна гилотина „Предност за малите“.

Министерот Ивановски со нова иницијатива за надминување на административните бариери

Скопје, 23 февруари 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска имаше средба со претставници на малите и средни претпријатија од Битола и Демир Хисар, при што ги запозна со четвртата фаза од проектот „Регулаторна гилотина“ наречен и „Предност на малите“.

Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата

Скопје, 22 февруари 2012

Инспекторите од Државниот управен инспекторат преку редовни и вонредни контроли ќе проверуваат дали се прават злоупотреби при процесот на мобилност на вработените во администрацијата.

Бизнисмените од Струмица заинтересирани за новините што ги нуди четвртата фаза од регулаторната гилотина

Скопје, 20 февруари 2012

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот во Сојузот на стопанските комори Митко Алексов денеска во Струмица имаа средба со бизнисмени од струмичкиот и валандовскиот регион на која беа претставени реформите од четвртата фаза од владиниот проект Регулаторна гилотина.

Посета на едукативниот центар Семос

Скопје, 17 февруари 2012

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска го посети едукативниот центар СЕМОС каде што се одржуваат обуки наменети за невработени лица за напредни вештини од областа на информатичките технологии.

Поднесување на годишната даночна пријава и преку интернет

Скопје, 16 февруари 2012

Граѓаните од денеска можат по електронски пат да ги поднесуваат годишните даночни пријави до Управата за јавни приходи.

 

Пријавите може да се поднесуваат од дома во кое било време на веб страницата http://etax.ujp.gov.mk/ со пополнување лични податоци и обезбеден електронски потпис од овластениот издавач КИБС и Македонски телеком.

Веб портал е-демократија - модерен метод на јавна расправа

Скопје, 14 февруари 2012

Граѓаните и бизнис заедницата добија нова алатка за комуникација  поврзана со работата на државните институции со денеска поставениот  веб портал  е-демократија на Министерството за информатичко општество и јавна администрација МИОА.  Новиот и модерен метод на јавна расправа треба да им овозможи на едноставен и лесно достапен начин да го дадат своето мислење за предлог документите на Владата, но и за готовите закони, со што активно би учествувале во  носењето одлуки.

e-ucebnici.mk
Скопје, 09 февруари 2012

 

Денеска на сајтот http://e-ucebnici.mk/, објавени се дополнителни 127 учебници. Учебниците се од 3-8 одделение

Граѓаните преку интернет ќе доставуваат годишни даночни пријави

Скопје, 06 февруари 2012

Управата за јавни приходи денеска промовираше нова услуга со која физичките лица ќе може годинава да поднесат годишна даночна пријава по електронски пат. Услугата ќе биде достапна од 16-ти овој месец, а се промовира 10 дена пред стартот со цел да се запознаат граѓаните и да можат да се подготват за нејзино користење.

Меѓународен саем за бизнис технологии BizTech Скопје 2012

Скопје, 06 февруари 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, со свое обраќање го отвори BizTech Скопје 2012, меѓународниот саем за бизнис технологии кој се одржа во Хотелот Александар Палас на 6 и 7 февруари 2012 година.

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ ВО РЕГИОНОТ!

Скопје, 02 февруари 2012

Интервју на Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, за „Капитал“

Syndicate content