Промовиран првиот македонски суперкомпјутер

Охрид, 20 декември 2010

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска во Охрид го пушти во употреба првиот македонски суперкомпјутер. Станува збор за систем за паралелно процесуирање, изработен од студентите и професорите на Универзитетот за информатички науки и технологии  „Свети  Апостол Павле“ во Охрид, составен од 256 процесорски единици и капацитет на обработка на три илјади милиони пресметки во секунда.

Средба на министерот Иво Ивановски со Кевин Митник, најпознатиот (поранешен) светски хакер

Скопје, 13 декември 2010

Денес,  13 декември, министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски се сретна со Кевин Митник, најпознатиот (поранешен) светски хакер кој за првпат е во Македонија.

На средбата беше разговарано за компјутерската безбедност и трендовите за нејзино зајакнување во светски рамки.

 

Г. Кевин Митник на 15-16.12.2010г. ќе одржи предавања за двете негови најпродавани книги: „Уметност на измама“ и „Уметност на пробивање“.

Средба на министерот Ивановски со амбасадорот на Велика Британија

Скопје, 25 ноември 2010

Почитувани,

 

Денес, министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски се сретна со амбасадорот на Велика Британија, г–динот Ивон Кристофер.

 

На средбата беше разговарано за реформите во јавната администрација и понатамошната поддршка на Велика Британија во ова поле.

Работилници за проектот Размена на е-документи

Скопје, 11 ноември 2010

Министерството за информатичко општество во соработка со проектот за е-влада на УСАИД, организираа серија на работилници поврзани со различни аспекти на спроведувањето на активностите за воведување на е-влада. Овие работилници беа посебно наменети за институциите вклучени во проектот Размена на е-документи, а со цел да овозможат размена на информации, споделување искуства, од кои корист ќе имаат сите учесници.

ИТ-сертифицирани обуки за 80 невработени лица

Скопје, 05 ноември 2010

Вкупно 65 невработени лица денеска ги потпишаа договорите за обука за ИТ-програми дефицитарни во ИТ-секторот, во рамки на проект на Министерството за информатичко општество во соработка со Агенцијата за вработување, финансиран од Владата во вредност од 7,380 милиони денари.

Македонија ќе користи естонски искуства за реформа на јавната администрација

Талин, 26 октомври 2010

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, кој е дел од државната делегација во Естонија, посети неколку центри во Талин со цел да се запознае со реформите на земјата во областа на информатичката трехнологија и можноста за нивна примена за да се унапреди државната администрација во Македонија која од идната година треба да биде во надлежност на Министерството за информатичко општество. 

Министерот Ивановски додели 34 дипломи за ИТ банкарство

Тетово, 20 октомври 2010

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска на 34 студенти од Факултетот за современи науки и технологии од Универзитетот ЈИЕ им додели дипломи за завршена специјалистичка обука за ИТ-банкарство.

 

- Информатиката навлегува се подлабоко во секоја област така што современото банкарство бара соодветни кадри за секојдневното работење.

Обраќање на министерот на 8-ма СЕЕИТА – 7-ми ЈИЕ ИКТ Форум и 7-ми МАСИТ Отворени денови
Скопје, 14 октомври 2010

До 2012 година во Европа ќе се отворат два милиони нови работни позиции кои што ќе се занимаваат со широкопојасен интернет. На овој начин бруто домашниот производ во регионот ќе порасне за 610 милјарди евра. Ова се дел од економските предвидувањата на Европската комисија, кои беа соопштени на 8та годишна конференција на Македонската стопанска комора за информатичка технологија.



Проект за имплементација на нови електронски содржини во образовниот систем
Штип, 13 октомври 2010

Министерството за информатичко општество преку Бирото за развој на образованието го реализира проектот за имплементација на нови електронски содржини во образовниот систем.

Станува збор за содржини, донација од Интел вредна 12 милиони долари, кои се користат во високо развиените западни земји.

Електронската размена ќе овозможи поголема ефикасност во државната управа
Скопје, 05 октомври 2010

Претставници на пет државни институции кои најчесто нудат услуги и документи за граѓаните и фирмите преку презентации и стручни предавања  од денеска на работилница ги унапредуваат знањата за придобивките од меѓусебната размена на е-документи.

Целта е да се воведе електронска размена на документи за матична евиденција, имотен лист, извозно увозна декларација и даночната пријава, како најчесто користени од вкупно 180 документи и 60 услуги кои ги нудат државните институции.

Заменик министерот д-р Мирјана Секуловска го промовираше Законот за Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет

Скопје, 23 септември 2010

Почитувани,


На ден 23.09.2010 год во просториите на Министерството за информатичко општество, заменик министерот, д-р Мирјана Секуловска одржа брифинг во врска со Закон за Македонска академска истражувачка мрежа-МАРнет.

Syndicate content