Проект за побрза и поефикасна размена на податоци меѓу државните институции
Скопје, 21 јануари 2010

 

Размената на податоците меѓу државните институции ќе биде побрза и поефикасна со нивно поврзување во систем за интероперабилност, за чија имплементација Министерство за информатичко општество денеска потпиша Договор со ИТ компанијата „Виста“.
Електронска демократија - Интернет форум за припрема на технички документи за јавни набавки
Скопје, 10 јануари 2010

Компаниите од денеска ќе имаат можност активно да се вклучат со свои забелешки во подготовката на техничките документи за јавни набавки.

Ова им го овозможува Интернет форумот за подговотвка на технички документи за јавни набавки што денеска го промовираше министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски.

Прес на министерот Иво Ивановски: Улогата на ИКТ индустријата во македонската економија

Скопје, 05 јануари 2010 

Почитувани,

 

Дозволете да ве информирам за извештајот на ИДЦ Адријатик којшто го изработи за анализата на ИКТ пазарот на Македонија за 2008-ма година.

Најпрово би сакал да ги поздравам преставниците на МАСИТ- ИКТ комората, коишто годишно го порачуваат овој извештај да биде изработен од страна на ИДЦ Адриатик, а за потребните информации им помогна да ги добијат Министерството за информатичко општество.
Лап топ компјутери за професорите од гимназијата ”Мирче Ацев” во Прилеп
Прилеп, 28 декември 2009

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски заедно со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на професорите од прилепската гиманзија ,,Мирче Ацев,,  им ги додели лап топ компјутерите. Со тоа во Гимназијата се осовременуваат условите за настава. Ивановски вели дека со  преносните компјутери професорите ќе можат да ги користат за да  изведуваат поквалитетна настава.

Во 2010 и 2011 година очекуваме пораст на примената на ИКТ
Скопје, 24 декември 2009

Изминатите три-четири години Македонија има постигнато напредок, но очекуваме 2010 и 2011 година да бидат години, во кои Македонија драстично ќе има пораст во примената на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ), рече денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски на првата Kонференција за развој на информатичката технологија во локалните самоуправи, во организација на ЗЕЛС.

Наскоро повеќе статии на македонски јазик на Википедија
Скопје, 24 декември 2009

Содржините на македонски јазик на интернет се од особена важност за македонските граѓани особено за оние кои не познаваат ниту еден странски јазик. Како најбрзо растечка и една од најголемите електронски енциклопедии а воедно и една од највлијателните страни на интернет, Википедија се наметнува како сериозен извор на знаења и информации за граѓаните.

До крајот на јануари сите наставници во Македонија ќе добијат преносен компјутер
Скопје, 18 декември 2009

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска на професорите во Градежниот училиштен центар „Здравко Цветковски“ во Скопје им доделија преносни компјутери, со што беше официјализирана дистрибуцијата на 22.000 лаптопи за наставниот кадар во средните и основните училишта во Македонија.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Скопје, 16 декември 2009

П о ч и т у в а н и,

 

Македонските граѓани досега во секојдневното работење, при користењето на постоечките македонски кирилични фонтови беа приморани да користат букви од бугарската и руската азбука. Со цел сочувување на основните карактеристики на македонската азбука и македонското кирилично писмо како еден од основните вредности на македонскиот идентитет, Министерството за информатичко општество изработи 81 оригинален македонски фонт за потребите на граѓаните и Владата на Република Македонија.

Интернетот во функција на поголема транспарентност на власта и евроинтеграцијата
Скопје, 03 декември 2009

Примената на интернетот и другите нови информатички технологии, покрај традиционалните медиуми, овозможуваат поголема транспарентност во работењето на Владата и демократизација на општеството бидејќи отвораат нови канали за вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки.
Тоа беше истакнато на завршниот ден од петатта меѓународна конференција „е-Општество.мк“.

Нови лаборатории за Електротехничкиот факултет
Скопје, 01 декември 2009

Електротехничкиот факултет (ЕТФ) во Скопје ќе добие нови 21 лабораторија за натамошно подобрување на практичните знаења на студентите, најави министерот за информатичко општество Иво Ивановски при денешната посета на ЕТФ.

Министерот Ивановски во посета на новоформираниот Универзитет за информатички технологии во Охрид

Охрид, 23 ноември 2009

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска престојуваше во Охрид, во посета на студентите и професорите на новоформираниот Универзитет за информатички технологии.

- Целта на посетата е да се запознаеме со учениците, наставниот кадар, со цел да го следиме напредокот на процесот, доколку има потреба навреме да интервенираме, со цел Универзитетот да прерасне во елитна образовна институција што ќе произведува високообразован кадар со престижна дилома со голема тежина, не само во Македонија, туку и пошироко, истакна министерот Ивановски.

Syndicate content