Соопштение за министерската конференција за е-Влада што се одржува во Малме, Шведска
Скопје, 20 ноември 2009

На покана на шведското претседателство и Европската Комисија, министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски присуствуваше на 5-тата Министерска конференција за е-Влада која се одржува во Малме, Шведска.

Соопштение за Интернационалниот Самит за Е- учење (E- learning International Summit)
Порто, Португалија, 11 ноември 2009

На 10 и 11 ноември- Порто, Португалија, се одржува Е- учење Интернационален Самит во организација на „Intel“. Како еден од лидерите во ИТ индустријата, цел на Интел е да го охрабри развојот на образованието низ земјите во светот преку насочување на своите ресурси кон развој на технологии и програми кои ја унапредуваат образовната средина.

Брифинг за ИКАН конференцијата
Сеул, Јужна Кореа, 03 ноември 2009

 

Почитувани,

Благодарејќи на одлуката на Управниот Одбор на Интернет коорпорацијата (ИКАН), граѓаните на Република Македонија кон крајот на 2010г ќе имаат можност да регистрираат домен адреси на кирилично писмо.

Македонија доби место во советодавниот комитет на Интернет Корпорацијата

Сеул, Јужна Кореа, 27 октомври 2009

Интернет корпорацијaта (ИКАНН), која што доделува адреси и домени во целиот свет, го прифати барањето на македонската делегација, Македонија под своето уставно име да стане рамноправна членка во владиниот советодавен комитет- ГАК. ГАК е владин советодавен комитет во кој учествуваат владини преставници од над 30 земји, односно триесет различни економии и мултинационални владини организации чиј број на членки континуирано се зголемува.

Меморандуми со „Интел“ за електронски наставни содржини и за обука на наставници
Скопје, 06 октомври 2009

Корпорацијата за информатичка технологија „Интел “ и Владата на Република Македонија потпишаа два меморандума за соработка за унапредување на електронско учење во училиштата во Македонија – меморандум за донација на електронски наставни содржини од прво одделение до четврта година, во износ од 15 милиони долари, и меморандум за обука на одделенски наставници за работа со преносни компјутери за учениците од прво до трето одделение.

Постдипломски студии по информатички технологии на Бостонскиот универзитет идната година во Македонија

Скопје, 02 октомври 2009

Универзитетот Бостон, четвртиот по големина приватен универзитет во Соединетите Американски Држави и меѓу 50-те водечки во светот, од 25 јануари 2010 година првпат во Македонија ќе отвори програма за постдипломски студии од областа на информатичките технологии. На свечената промоција, присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Нови оригинални македонски фонтови достапни бесплатно за граѓаните

Скопје, 30 септември 2009

Министерството за информатичко општество изработи 81 оригинален македонски фонт за потребите на граѓаните и Владата на Република Македонија. Од нив 40 ќе користи Владата, а 41 граѓаните на Република Македонија.

Форумот на Глобалната алијанса на ОН за развој на информатичките технологии во 2011 во Македонија

Скопје, 25 септември 2009

Македонија во 2011 година ќе биде домаќин на Годишното собрание на Глобалната алијанса на Обединетите нации за развој на информатичко-комуникациски технологии (ГАИД). Одлуката била едногласна поради реформските проекти во областа ИКТ-секторот во земјава. Донесена е на годинашниот форум на ГАИД што овој месец се одржа во Монтереј, Мексико, на кој учествуваше и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.


Од понеделник ќе започне емитувањето на образовните емисии „Едубунту“ на МРТ

Скопје, 18 септември 2009

Образовните емисии „Едубунту“ ќе започнат да се емитуваат од понеделник секој работен ден на двата програмски сервиси на Македонската радио телевизија на македонски и на албански јазик.

Како што соопшти на денешната прес - конференција министерот за информатичко општество Иво Ивановски серијалот се состои од 40 емисии по 15 минути.

Заменик министерот Секуловска на Меѓународна конференција за информациска соработка и информациска безбедност
Несебар, 15 септември 2009

Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска ги презентира достигнувањата и напредокот во градењето на информатичко општество во Р. Македонија, на пленарната седница на Меѓународната конференција за информациска соработка и информациска безбедност, што се одржува од 15-17 септември 09 во Несебар, Р. Бугарија.



Промовиран поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија
Скопје, 09 септември 2009

Негативниот тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација во државава ќе се надминува преку користење поимник на македонски зборови од областа на информатичко комуникациската технологија.

Syndicate content