Министерот Ивановски на деловен ручек со ССК

Скопје, 09 април 2008
Стопанствениците од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска имаа деловна средба со министерот без ресор задолжен за информатичко општество М-р Иво Ивановски.
Целта на средбата беше да се согледаат потребите кои членките на ИКТ комората ги имаат во реализирањето на владините проекти во делот на информатичко-комуникациската технологија.

Министерот Ивановски го претстави првото целосно компјутеризирано училиште

Скопје, 07 април 2008

Владата денеска свечено го официјализираше проектот „Компјутер за секое дете“ во првото целосно компјутеризирано средно училиште во Македонија - автосообраќајниот центар АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, едно од трите средни училишта во државата кои ја добија првата донација на опремата од акцијата.

Министерот Иво Ивановски во почесна придружба на претседателот на Владата на Република Естонија Андрус Ансип

Скопје, 25 Март 2008

На 25-26.03.2008 во работна посета на Република Македонија беше естонска делегација предводена од претседателот на Владата на Република Естонија, господинот Андрус Ансип.
Во почесната придружба на премиерот на Република Естонија Ансип беше министерот м-р Иво Ивановски.

Министерот Иво Ивановски во посета на училиштата "Боро Петрушевски" и "Орце Николов"

Скопје, 17 март 2008

На ден 17.03.2008 Министерот без ресор за развој на информатичко општество, м-р Иво Ивановски со Генералниот директор на Македонски Телекомуникации г-дин Николај Бекерс ги посетија средните училишта Боро Петрушевски и Орце Николов во Скопје.

Министерот Иво Ивановски учесник во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Битола, 12 Март 2008

Во рамките на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ на ден, 12 март 2008 година, министерот без ресор, м-р Иво Ивановски зема активно учество во посадувањето на дрва на локацијата Маково Преслап во Битола.




Бизнис форум „Македонија – ново економско чудо во Европа“ во Вашингтон

Вашингтон, 7 март 2008

Промоцијата на Македонија пред американската јавност како стабилна и просперитетна држава и нејзините потенцијали за привлекување на странски инвестиции беа главни теми на бизнис форумот „Македонија – ново економско чудо во Европа“ што денеска се одржа во Вашингтон, јави известувачот на МИА.


Демант на обвинувањата на СДСМ за проектот „Компјутер за секое дете“

Скопје, 3 Март 2008

Жалам што првиот информатичар на СДСМ не поседува елементарно познавање на новите трендови во информатичката технологија, изјави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество Иво Ивановски демантирајќи ги тврдењата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јани Макрадули во врска со владиниот проект „Компјутер за секое дете“.
Македонија ќе стане светска обложувалница

Скопје, 25 Февруари, 2008

Интервју на Министерот Иво Ивановски за "Време"
"МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ СВЕТСКА ОБЛОЖУВАЛНИЦА"

Цела верзија во .pdf формат

Министерот Иво Ивановски во посета на училиштето Војдан Чернодрински

Скопје, 24 Јануари 2008

Министерот без ресор Иво Ивановски и постојаниот координатор на ОН Марија Луиза Силва Мехијас беа во посетата на училиштето Војдан Чернодрински како дел од проектот Еден лап-топ за секој ученик



Владина делегација предводена од министерот Иво Ивановски во Естонија

Скопје, 13 февруари 2007

Владина делегација предводена од министерот без ресор задолжен за информатичко општество Иво Ивановски ќе престојува во тридневна посета на Република Естонија.

“МАКЕДОНИЈА–ЗЕМЈА НА ИНФОРМАТИЧАРИ”

Република Македонија

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ ГРЃАНИ,

Како дел од кампањата “МАКЕДОНИЈА–ЗЕМЈА НА ИНФОРМАТИЧАРИ”, Владата на Република Македонија за сите заинтересирани граѓани обезбедува бесплатна обука за користење на компјутери.

Бесплатната обука ќе го опфати пакетот за канцелариско работење и работа со интернет програми, а ќе се спроведува на македонски и на албански јазик.

Syndicate content