Конференција „Визија“ на „Мајкрософт“ по шести пат

Скопје, 1 октомври 2008

Новите технологии и нивните успешни имплементации на локално ниво ќе бидат во фокусот на вниманието на шестата конференција на Мајкрософт „Визија“, што почна денеска во Скопје.
На учесниците на конференцијата во име на Владата им се обрати министерот за информатичко општество Иво Ивановски кој укажа на придобивките од користењето на најновите технолошки достигнувања и нивното влијание на развојот на економијата.

Поздравен говор за ИБМ

Скопје, 24 Септември 2008

Заменик министерот за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска на 24 септември во Александар Палас во Скопје, со поздравен говор ја отвори церемонијата за свеченото отворање на Претставништвото на  мултинационалната компанија ИБМ во Македонија.


Шеста конференција на асоцијацијата СЕЕИТА

Охрид, 22 Септември 2008

Заменикот Министер за информатичко општество,  д-р Мирјана Секуловска, на 22 септември, со поздравен говор ја отвори шестата конференција на Асоцијацијата СЕЕИТА, во организација на Македонската комора за информатичка технологија, МАСИТ. Д-р Секуловска во својот поздравен говор, пред 200 експерти од 13 земји од регионот на Југоисточна Европа, срдечно ја поздрави иницијативата и напорот за организирањето на една конференција од ваков тип и воедно се заложи за понатамошно продолжување на веќе шестгодишната традиција.


Проектите на МИО пред бугарската и македонската бизнис заедница

Скопје, 20 Септември 2008

Заменикот Министер за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска, се обрати на Македонско- бугарскиот бизнис форум, кој се одржа на 20 септември во х. Холидеј Ин. Заменик министерот, конкретно, се обрати на третата сесија која се однесуваше на Развојот на висока технологија и инфраструктура.


Студенстките домови до крајот на годината со интернет пристап

Скопје, 17 септември 2008

Министерот за информатичкo општество Иво Ивановски попладнево го посети студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ за да ја разгледа состојбата за поставување комуникациска мрежа во домовите, со што сите студенти би имале интернет пристап.



Годишните сметки за 2008 година по електронски пат ќе можат да се испратат до Централниот регистар

Скопје, 17 септември 2008

Правните лица годишните сметки за 2008 година по електронски пат ќе можат да ги испратат до Централниот регистар, најави министерот за информатичко општество Иво Ивановски по дненешната посета на оваа институција.

Ивановски: 90 проценти од училиштата ги користат компјутерите, во останатите директорите не ги вклучуваат

Скопје, 14 септември 2008

Деведесет проценти од училиштата во земјава веќе ги користат компјутерите поставени за следење на наставата, а оние 10 проценти каде не се вклучени, министерот за информатичко општество Иво Ивановски посочи дека за тоа се задолжени директорите и апелираше до нив да ги вклучат за учениците да можат побрзо да напредуваат.

Министерот Ивановски и вицепремиерот Боцевски во посета на Националниот координативен центар за гранично управување

Скопје, 14 септември 2008

Македонија го исполни и третиот услов за целосна либерализација на визниот режим со отварање на Националниот координативен центар за гранично управување, рече на денешната прес - конференција заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски при посетата на Центарот со министерот за информатичко опшество Иво Ивановски.

Македонска делегација на саемот ЦИФИТ во НР Кина

Хиамен, НР Кина, 9 Септември 2008

Македонска делегација предводена од министерот за информатичико општество М-р Иво Ивановски присуствува на 12-тиот саем за инвестиции и трговија ЦИФИТ, што се одржува во Хиамен, Народна Република Кина. 


Средните училишта од денеска поврзани во единствена комуникациска мрежа

Скопје, 1 септември 2008
- Од денеска сите средни училишта во Македонија се поврзани во единствена комуникациска мрежа, а секој ученик пред себе ќе има компјутер што ќе го користи во наставата, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски по посетата на скопското средно училиште „Јосип Броз-Тито“, по повод одбележување на крајот на инсталацијата на компјутерската опрема во средните училишта во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“.

Доделување на дипломи во Куманово

Куманово, 27 август 2008

Продолжува реализацијата на обуките за користење на компјутери за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, како дел од кампањата „Македонија – земја на информатичари“ . На 27 Август 2008 во Куманово замeник министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска ги додели дипломите на лицата кои успешно ги завршија бесплатните обуки за работа со компјутери.

Syndicate content