Таксена марка ќе се плаќа преку смарт телефон

Скопје, 05 јули 2011

Административната такса отсега ќе може да се плаќа на брз и едноставен начин преку новата апликација за мобилен телефон што денеска беше промовирана на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Станува збор за апликација што ја поддржуваат Android, Blackberry i iPhone телефоните која овозможува со само три чекори да се изврши плаќањето. Услугата е достапна за сите граѓани, но и и за студентите кои преку неа ќе може да извршат плаќање на таксените марки.

Министерот Иво Ивановски во работна посета на Брисел

Брисел, 29 јуни 2011

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски денеска во Брисел пред членовите на надлежните директорати на Европската комисија за следење на приоритетните реформи во Република Македонија ги презентираше последните достигнувања во областите кои се во надлежност на ресорното министерство.

Почнуваат обуките на шалтерските работници за ефикасна и деполитизирана администрација

Скопје, 15 јуни 2011

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска почна да ги спроведува обуките за шалтерските работници со кои се очекува да се добие ефикасна, стручна и деполитизирана јавна администрација.

 

Министерот Ивановски додели сертификати за ИТ обуки во „Александрија“

Скопје, 9 јуни 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ги додели сертификатите на лицата кои ги положиле тестовите за специјализираните ИТ бесплатни обуки што ги спроведуваше едукативниот центар „Александрија“.

 

Промовиран уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните

Скопје, 3 јуни 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Агенцијата за катастар на недвижности го промовираше проектот „Оценете ја администрацијата“. Всушност, станува збор за инсталирање на апаратчиња преку кои граѓаните ќе можат да ги оценат службениците во администрацијата за нивната работа.

Семинар за обука на јавната администрација

Скопје, 11 мај 2011

Пренесување на француското искуство во спроведувањето на процесот на реформи во јавната администрација е целта на дводневниот семинар кој денеска почна во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за европски прашања во соработка со Амбасадата на Република Франција.

Меморандум за соработка на проектот со наслов „Подготовка на прописи - циклус обуки за администрацијата“

Скопје, 20 април 2011

Државни службеници на централно и локално ниво кои се занимаваат со изработка и спроведување на законите од утре до крајот на годинава ќе ги прошируваат своите знаења и вештини со цел во рамки на проектот „Подготовки за прописи - обуки за администрација“ за чија имплементација денеска беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Мисијата на ОБСЕ и Министерството за информатичко општество и администрација.

Даночни неправилности и корупција ќе се пријавуваат и по електронски пат

Скопје, 07 април 2011

Пријава за неиздадена фискална сметка, корупција, затајување данок или за непрофесионално однесување на вработените во јавната администрација ќе може да се поднесе по електронски пат преку интернет страницата на Управата за јавни приходи.

- Лицето кое пријавува неправилност ќе има можност да остане анонимно, а УЈП ќе постапува електронски по добиените пријави преку веб локацијата на ист начин како да се добиени во хартиена форма или по телефонски пат, појасни министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на промоцијата на проектот во Контакт центарот на УЈП.

Успешно завршен првиот циклус обуки за имплементација на Стандардите за човечки ресурси

Скопје, 07 април 2011

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во рамките на проектот Градење капацитети за ЕУ интеграции, поддржан од Британската Амбасада, одржа серија обуки за имплементација на Стандардите за управување со човечки ресурси. Обуките се одржаа во февруари и во март 2011 година и со нив беа опфатени околу 100 државни службеници, од одделенијата за управување со човечки ресурси, но и други раководни лица од органите на централна власт.

Јавни настани за промоција на Националната политика за слободен софтвер
Скопје, 07 април 2011

Во текот на месец март во Тетово, Штип, Скопје и Битола се одржаа јавни настани за промоција и дискусија по повод текстот на Националната политика за слободен софтвер. Целта на овие настани беше да се вклучи јавноста во процесот на финализирање на текстот на политиката. Ова воедно беше последната фаза од проектот за донесување на националната политика. Како носители на јавните средби беа вклучени преставници од „Слободен софтвер Македонија“, фондацијата „Метаморфозис“ и Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерот Иво Ивановски предложен за претседател на GAID

Скопје, 05 април 2011

Министерот за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија, г-дин Иво Ивановски е предложен за претседател на Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички и комуникациски технологии и развој -GAID (Global Alliance for Information and Communication Tehnologies and Development). Иницијатива поддржана од генералниот секретар на Обединетите нации, воведена во 2006 година по сеопфатни консултации на влади, компании, академски средини и интернет асоцијации.

Syndicate content