Арсовска Томовска го отвори 'Codefest 2016'

Охрид, 15 април 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска го отвори 4-от по ред 'Codefest 2016', што претставува технолошки настан во организација на Здружението за развој Стартап зона Охрид, кој ќе трае од 15 -17 април.

Одржан првиот работен состанок за изработка на новата Стратегија за РЈА (2016-2021)

Скопје, 15 април 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска го одржа првиот состанок со работната група за изготвување на новата стратегија за реформа на јавната администрација, за периодот 2016-2021 година. На состанокот присуствуваше и експертски тим од СИГМА, претставници од невладиниот сектор, тим на универзитетски професори, како и тим од МИОА.

Пофалница за МИОА од Светската царинска организација

Скопје, 14 април 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на свеченоста по повод денот на Царинската управа, при што и беше врачена Пофалница од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микуриа, за посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуирана соработка и електронско прибирање, размена и заштита на податоци поврзани со царинското работење.

Работен состанок со невладиниот сектор, за изработка на новата стратегија за РЈА

Скопје, 13 април 2016 година

Во рамките на процесот за изготвување на новата Стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016-2021 година, Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски оствари работен состанок со претставници на невладини организации. На состанокот беше претставен оперативниот план за изготвувањето на новата стратегија и беше упатен повик за активно вклучување на невладиниот сектор.

МИОА се приклучува кон поддршката за Дарко Божиноски

Скопје, 06 април 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација се приклучува кон поддршката за единствениот полуфиналист од Република Македонија, на натпреварот за наука и технологија на млади претприемачи од земјите во развој Global Innovation through Science and Technology (GIST) Tech-I pitch competition.

Да го поддржиме младиот Дарко Божиноски, со гласање на линкот www.gistnetwork.org/tech-i/vote.

Конференција за е-Влада во организација на МИОА

Скопје, 05 април 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ја отвори првата Конференција за е- Влада во организација на МИОА, на која учествуваат претставници од ИТ секторот од владините институции. Целта на конференцијата е добивање информации и оперативни детали за тоа што е направено на ниво на институциите од областа е-Влада, кои се достигнувањата, податоци за имплементираните проекти и статусот на проектите што се во тек.

Реакција на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 04 април 2016 година

 

Манипулациите на Александар Кирацовски, на денешната прес конференција ги поминаа сите граници. Несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовски и на луѓето кои ги распореди во својот кабинет, сака да ги оправда со префрлање на вината на луѓе кои деноноќно работејќи, професионално и стручно си ја извршуваат својата работа.Заради запознавање на јавноста со сите детали околу темата која беше предмет на денешната прес конференција ја информираме јавноста за следното:

Арсовска Томовска се обрати на отворањето на Саемот за вработување и пракса ,,Контакт 2016”

Скопје, 04 aприл 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на Саемот за вработување и пракса ,,Контакт 2016“, во организација на студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ. Настанот кој ќе трае три дена, има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите од друга страна.

Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година - Прв нацрт

Скопје, 01 април 2016 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

 

Ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација го објавува првиот нацрт текст на третиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018.

Арсовска Томовска се сретна со австралиската пратеничка Алана Мектиернан

Скопје, 01. Април 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари средба со Алана Мектиернан, пратеник во Долниот дом на Федералното собрание на Австралија. На средбата присуствуваа и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски и советникот за регулаторни прашања од Агенцијата за Електронски комуникации, Владимир Ристевски.

Презентиран Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор

Скопје, 31 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска го презентираше Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2015 година, кој веќе е објавен на веб страната на министерството, на следниов линк: http://mioa.gov.mk/?q=node/216.

Syndicate content