Одбележан Светскиот ден на акредитацијата во Македонија

Скопје, 09 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска се обрати на свеченоста што по повод Светскиот ден на акредитацијата, ја организира Институтот за акредитација на Република Македонија.

 

Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom

Скопје, 09 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски се обрати на прес конференцијата за Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom, во Основното училиште “Петар Здравковски-Пенко“- Скопје, чија реализација ја започнуваат Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, и TDK компјутери.

Арсовска Томовска на Меѓународната конференција „Применети интернет и информатички технологии“ во Битола

Битола, 03. јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на Меѓународната конференција „Применети интернет и информатички технологии, во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)-Битола. Во фокусот на оваа дводневна конференција, е да се олесни спроведувањето на Интернетот и информатичките технологии, во сите области на човековата активност.

Арсовска Томовска оствари работна средба со менаџментот на Македонски Телеком

Скопје, 1. јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари работна средба со менаџментот на Македонски Телеком, меѓу кои и главниот извршен директор Андреас Маиерхофер. На средбата се разговараше за идните активности и инвестициски планови на Македонски Телеком во насока на подобрување на услугите кон крајните корисници.

Прес конференција за напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за РЈА (2016-2021)

Скопје, 1 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска одржа прес конференција на која се осврна на напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација, за периодот 2016-2021 година.

Прв натпревар за 'Microsoft Office Specialist' во Македонија

Скопје, 28 мај 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска го отвори првиот Национален натпревар за 'Microsoft Office Specialist', организиран од Цертиадриа, заедно со компанијата Микрософт Македонија. Натпреварувачите, на возраст меѓу 13 и 22 години имаа можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите Microsoft Word, Excel® и PowerPoint.

Арсовска Томовска на 22-рата меѓународна конференција во Дубаи

Дубаи, 23 мај 2016

Mинистерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска изминатиот викенд присуствуваше на меѓународната конференција “Паметни Влади и Паметни градови” која се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Целта на конференцијата беше размена на искуства за стратегии и проекти поврзани со современите концепти на електронско работење на јавните институции, односно како користењето на информациско-комуникациските технологии може да ги унапреди услугите кои ги обезбедуваат властите на централно и локално ниво кон граѓаните и бизнис секторот.

Свечено доделување на лиценци за инспектори

Скопје, 19 мај 2016 година

 

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски се обрати на доделувањето на првите лиценци за инспектори во Република Македонија, на свеченоста организирана од Инспекцискиот совет на Република Македонија.

Втор јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018“

Скопје, 11 мај 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на вториот јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018", во организација на МИОА и Центарот за истражување и креирање политики.

Oглас за слободни работни места објавен од Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) објави оглас за слободни работни места за  позициите Програмски менаџер (едно лице) и Програмски асистент (едно лице).

Работен состанок за Интероперабилност

Скопје, 9 мај 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска оствари работен состанок со директорите на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска и на Управата за јавни приходи Кирил Миновски, како и со В.Д. Директорот на Фондот за ПИОМ, Шаип Зенељи.

Syndicate content