Сподели:

Информациска безбедност – законски решенија за заштита на податоци во информациските системи

Согласно Законот за електронско управување („Службен весник на Република Македонија“ бр.105/09 и бр. 45/2011, член 32 став (3) и член 33 став (2) од овој закон во 2010 година, министерот за информатичко општество донесе Правилник за стандардите и правилата за безбедност на информациските системи кои што се користат во органите за комуникација по електронски пат. Со овој правилник се пропишува стандардите и правилата за безбедност на информациските системи кои што се користат во министерствата, другите органи на државната управа, организациите утврдени со закон и други државни органи, судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје, за комуникација по електронски пат.

Во 2011 година МИОА донесe и:

Насоки за следење и управување на инциденти поврзани со информациска безбедност
Насоки за дејствија по оценка и управување на ризикот

Согласно Законот за електронско управување („Службен весник на Република Македонија“ бр.105/09 и бр. 45/2011, член 34 ставовите (2) и (4) и член 35 став (2) министерот за информатичко општество донесе Правилник за формата и содржината на евиденцијата на базите на податоци на органите кои меѓусебно комуницираат по електронски пат, начинот на нејзиното водење, форматот и содржината на образецот за известување за воспоставување на базата, за нејзиното одржување и чување, како и за промените што се однесуваат на нејзиниот статус, начинот на известувањето, како и начинот на користењето, запишувањето, пристапот и чувањето на евиденцијата на базите на административни услуги по електронски пат. Со овој правилник пропишува формата и содржината на евиденцијата на базите на податоци на министерствата, другите органи на државната управа, организациите утврдени со закон и други државни органи, судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје (во натамошниот текст: органи) кои меѓусебно комуницираат по електронски пат, начинот на нејзиното водење, форматот и содржината на образецот за известување за воспоставување на базата, за нејзиното одржување и чување, како и за промените што се однесуваат на нејзиниот статус, начинот на известувањето, како и начинот на користењето, запишувањето, пристапот и чувањето на евиденцијата на базите на административни услуги по електронски пат.

Во 2011 година МИОА донесе: Насоки за начинот на користењето, запишувањето, пристапот и чувањето на евиденцијата на базите на административни услуги по електронски пат.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form