Сподели:

МИОА со нова веб страна. Отвореноста и транспарентноста во работењето достапна за сите граѓани.

Скопје, 07 јуни 2018 год.

МИОА со нова веб страна. Отвореноста и транспарентноста во работењето достапна за сите граѓани.

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска со нова веб страна. Продолжувме со реализација на мерки и активности кои се однесуваат на зголемена транспарентност и отчетност во работењето.

На овој начин го подобруваме пристапот на граѓаните до сите информации поврзани со работата на министерството.

Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, тоа што е ново на оваа веб страна е и исполнување на дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост.

За целосен пристап до сите информации објавени на веб страната за лицата со попреченост, во тек е имплементација и на останатите меѓународно прифатени стандарди за пристап за лица со попреченост.

Содржините на новата веб страна на МИОА се преведени и на албански јазик, и паралелно сите содржини ќе се објавуваат и на македонски и на албански јазик.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form