Сподели:

Презентација на Извештајот за напредокот на Република Македонија во рамките на ОВП

Скопје, 08 јуни 2018 год.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски денеска се обрати  на презентацијата за Извештајот на Република Македонија во рамки на Отвореното Владино Партнерство.

Целта на настанот е  да се презентира  степенот на достигнување на  Македонија во однос на преземените заложби и мерки во осумте приоритетни области дефинирани со Акцискиот план за периодот од 2016 до јуни 2017та година и да се укаже на предизвиците при имплементацијата на дел од мерките.

,,Придобивките од имплементација на ОВП не се препознаваат само во процесот на учество и креирање на заложби и достигнувањата на сите засегнати страни туку и во процесот на имплементација на истите. Исто така, не треба да заборавиме дека освен на транспарентноста, ОВП има силно влијание врз иновациите, развојот и конкурентноста. Со таа цел, граѓанските организации и бизнис секторот се вклучени и во сите процеси поврзани со заложбата на МИОА за целосна дигитализација на Македонија” , информираше заменик министерот Бајдевски.

Заменик министерот истакна дека МИОА започна со активности за унапредување на политиките за објавување на отворени податоци од државните институции, заради подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите, но воедно и искористување на економскиот потенцијал од објавувањето на отворени податоци. Покрај активностите предвидени за наредниот период како потврда за заложбите за отворено владино партнерство во изминатиот период беа реализирани голем број на активности и мерки кои се однесуваат на зголемување на транспарентноста и отчетноста, и отвореноста на институциите кон граѓаните.

,,Сите до сега превземени мерки се со цел  да бидеме проактивна Влада, која ги објавува сите информации поврзани со работата а кои се во интерес на граѓаните. Се со цел зголемување на довербата на граѓаните во институции, креирање на администрација насочена кон граѓаните, ефикасна, ефективна и целосно транспарента и отчетна’’ , истакна заменик министерот Бајдевски.

Презентацијата на среднорочниот извештај за напредокот на Република Македонија во рамките на глобалната иницијатива Отворено Владино Партнерство (ОВП) беше претставена од Центарот за еколошка демократија Флоразон.


Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Практични прашања и одговори за примена на ЗОУП

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Македонска рамка за интероперабилност (МРИ)

» Модул за организациска интероперабилност ИОП-О

» Модул за семантичка интероперабилност ИОП-С

» Модул за правна интероперабилност ИОП-Л

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т (Анекс: МИМ протокол)

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони

» Кодекс за констултации со јавноста за време на подготвувањето на регулативата

» Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за засегнатите страни. Консултациите во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија

» Методологија за оценка на спроведувањето на регулативата

» Прирачник за примена на методологијата за оценка на спроведувањето на регулативата