Сподели:

Oбукa за имплементација на Заедничката рамка за проценка - CAF моделот

Скопје, 09 јуни 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во периодот од 29 до 31 мај 2018 година организираа обука на тема: Имплементација на Заедничката рамка за проценка (CAF моделот) во институциите во Република Македонија.

Главна цел на обуката беше зајакнување на капацитетите на државните институции за имплементација на CAF моделот како алатка за целосно управување со квалитетот. 

Програмата беше спроведена во Велес и се реализираше преку различни методи за обука како: презентации, дискусии, работа во групи, вежби за вештини итн.

Обуката ја спроведоа меѓународни и национални експерти за имплементација на CAF моделот.

Обуката опфати две групи на учесници. Првата група беа административни службеници кои имаат искуство во спроведувањето на CAF моделот во нивните институции и кои беа обучени за тоа како да поддржат други институции во спроведувањето на CAF моделот. Втората група беа административни службеници кои немаат искуство во имплементација на CAF  моделот и кои  добија информации за тоа што е CAF моделот и како истиот да се имплементира во нивните институции.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Практични прашања и одговори за примена на ЗОУП

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Македонска рамка за интероперабилност (МРИ)

» Модул за организациска интероперабилност ИОП-О

» Модул за семантичка интероперабилност ИОП-С

» Модул за правна интероперабилност ИОП-Л

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т (Анекс: МИМ протокол)

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони

» Кодекс за констултации со јавноста за време на подготвувањето на регулативата

» Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за засегнатите страни. Консултациите во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија

» Методологија за оценка на спроведувањето на регулативата

» Прирачник за примена на методологијата за оценка на спроведувањето на регулативата