Сподели:

Министерска конференција за добро владеење во Западен Балкан

Мостар, БиХ,12-13 јуни 2018 год.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски учествува на  дводневната Министерска конференција за добро владеење во Западен Балкан, организирана од страна РЕСПА.

Клучните теми за кои се дискутира на Министерската конференцијата се однесуваат на стратешката рамка за РЈА, нејзината финансиска одржливост, квалитетот на планирањето и координацијата на политиките, следење и известување за спроведување на стратегиите за РЈА и соодветната финансиска помош на ЕУ за поддршка на реформите.

Заменик министерот Бајдевски учествуваше на првата панел дискусија за Стратешката рамка за реформа на јавната администрација: состојбата, предизвиците  и идните  планови.

Тој во своето обраќање истакна дека иницијативите за модернизација и унапредување на администрацијата се постојано актуелни. На државната и на јавната администрација се гледа како на основа на целокупниот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество. Работата во јавниот сектор ги одразува демократските вредности во целина и во таа смисла сите институции имаат одговорност да работат кон остварување на подобра вредност за граѓаните и бизнисите и со тоа да обезбедат социјален и економски развој, односно просперитет на државата во целина.

,,Имајќи го во предвид ова, Владата на Република Македонија е целосно посветена на унапредување на јавната администрација, на подобрување на условите за работа и на зголемување на квалитетот на услугите што администрацијата ги дава на граѓаните. Со таа цел Владата на 20 февруари оваа година ја усвои новата Стратегија за РЈА” , истакна  Бајдевски.

Заменик министерот Бајдевски заклучи дека Стратегијата на РЈА за МИОА и за Владата, претставува основа, рамка и насока за тоа во кој правец треба да се движиме при спроведување на реформата и реорганизацијата на јавната администрација. На овој начин конечно се дава систематизиран пристап кон овој процес, а лоцирањето на раководството со Советот кај Претседателот на Владата, ја потенцира важноста и политичката волја и посветеност да се реализираат сите мерки и активности предвидени во СРЈА.

На конференцијата учествуваше и државниот секретар Јахи Јахија кој се обрати на третата панел дискусија на тема: Мониторинг и известување за спроведувањето на Стратегијата за Реформа на Јавната Администрација, управувањето со јавни финансии и перспективите на граѓански  сектор.

,,МИОА ќе доставува извештај за имплементација на Акцискиот план за стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 на Советот на РЈА на секои шест месеци и на Владата на Република Македонија еднаш годишно. Извештаите ќе бидат објавени на веб-страницата на МИОА и Владата на РМ ” , изјави Државниот секретар Јахија. 

На оваа министерска конференција учествуваат  министрите одговорни за јавната администрација како и министрите за финансии во  Западен Балкан и НИПАК, со цел да ја зајакнат улогата на министерствата за финансии во реформските агенди во регионот. На конференцијата ќе учествуваат и високи претставници на државните администрации кои се занимаваат со РЈA, Управување со јавни финансии, претставници на Европската комисија, меѓународни организации, граѓански организации и други партнери.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Практични прашања и одговори за примена на ЗОУП

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Македонска рамка за интероперабилност (МРИ)

» Модул за организациска интероперабилност ИОП-О

» Модул за семантичка интероперабилност ИОП-С

» Модул за правна интероперабилност ИОП-Л

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т

» Модул за техничка интероперабилност ИОП-Т (Анекс: МИМ протокол)

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони

» Кодекс за констултации со јавноста за време на подготвувањето на регулативата

» Акти кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за проценка на влијанието на регулативата

» Прирачник за засегнатите страни. Консултациите во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија

» Методологија за оценка на спроведувањето на регулативата

» Прирачник за примена на методологијата за оценка на спроведувањето на регулативата