Сподели:

Министерот Манчевски дел од меѓународниот форум за јавна администрација во Мароко

Скопје, 21 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, е во тридневна посета на Маракеш, Мароко, каде се одржува меѓународниот форум за јавна администрација на тема: "Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", во организација на Обединетите Нации.

Министерот Манчевски имаше обраќање во сесијата посветена на интегрираниот пристап за имплементирање на стратешките цели за одржлив развој на Обединетите Нации.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите на МИОА, за реформа во јавната администрација, транспарентен пристап во работењето и воспоставување на инклузивен пристап во креирање на политиките.

„Министерството за информатичко општество и администрација посветено работи на реформа во јавната администрација со цел јакнење на капацитетите на вработените при давање на услугите. Во тој процес особено важна е хоризонталната координација помеѓу институциите, предизвик кој се надминува со мерките предвидени во Стратегијата за реформа во јавната администрација. Вклучувањето на сите засегнати страни во сите процеси на кои работиме е една од нашите главни заложби, и досегашната работа служи како позитивен пример за соработка на институциите помеѓу себе но и со сите релевантни чинители“, истакна министерот.

Зборувајќи за новите трендови и иновации во работењето на администрацијата, министерот Манчевски зборуваше за дигиталната агенда, дигитализација на администрацијата и доблужување на услугите до граѓаните.

Форумот има за цел да ги собере на едно место релевантните министри од целиот свет,  да разговараат за тоа како да го трансформираат управувањето и за тоа кои се иновативните начини на кои владите, институциите и јавната администрација можат да се организираат и да работат на постигнување на целите за одржлив развој. Конечно, Форумот исто така ќе даде можност да промовира засилена соработка и партнерства.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form