Сподели:

Работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси

Скопје, 26 јуни 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организираше работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси. На работниот состанок присуствуваа 25 претставници-членови на Мрежата од институциите на државната управа на централно ниво, од единиците на локалната самоуправа, претставник од Заедницата на единици на локалната самоуправа- ЗЕЛС, како и претставници од самостојни организации на државната управа.

Состанокот го отвори Претседавачот на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси, државниот секретар во министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, додека работните сесии ги водеа административни службеници од министерството.  

Целта на денешниот работен состанок беше да се иницира процес за развивање и усвојување на Деловник за работа на Мрежата кој ќе придонесе за остварување на интересите и надлежностите на Мрежата на сите нивоа во администрацијата, којшто ќе биде прифатен во една инклузивна постапка.

Очекуваното влијание и придобивки од работата на Мрежата ќе придонесат за остварување на активностите предвидени во Стратегијата за реформа на администрацијата 2018-2022, поконкретно во вториот столб на Стратегијата којшто се однесува на јавната администрација и управувањето со човечки ресурси.

Основната цел е да се изгради функционална Мрежа на организациони единици за управување со човечки ресурси којашто ќе служи како алатка на институциите од јавниот сектор за комуникација, размена на мислења, имплементација на унифицирани стандарди  во управувањето со човечки ресурси и примена на легислативата, како и споделување на добри локални и меѓународни практики од областа на управувањето со човечките ресурси.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form