Сподели:

Покана за презентација на Националниот акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020

Скопје, 02 јули 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација има задоволство да Ве покани да учествувате на Втор јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020" кој ќе се одржи на 09-ти јули 2018 година (понеделник) со почеток од 11 часот, во Клуб на пратеници.

Целта на настанот е да се презентира нацрт Акцискиот план за Отворено владино партнерство (2018-2020)- НАП 4 изработен во соработка со граѓанските организации, да создаде простор за дискусија меѓу граѓанските организации и владините институции за новите предлог активности кои произлегоа од консултативниот процес спроведен во месец јуни 2018 година и да се финализира Акцискиот план за периодот 2018-2020 година.

Првата  нацрт верзија на НАП 4  може да ја најдете на следниот линк.

За учество на настанот потребно е да го потврдите Вашето учество или учеството на преставник кој вие го номинирате најдоцна до 5 јули 2018 година  кај Марина Шаф-Радеска на е-mail: marina.shaf@mioa.gov.mk или на телефон  02/3200 919.

 

Во прилог агендата на настанот: Дневен ред ОВП Конференција

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form