Сподели:

Јавен повик за пријавување на институции во кои ќе се имплементира ЦАФ моделот

Скопје, 18 септември 2018 год.

Со цел воведување на стандарди за менаџмент на квалитет во администрацијата во Република Македонија, Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) спроведува активности за имплементација на “Заедничката рамка за проценка, Common Assessment Framework (ЦАФ моделот)” во институциите во РМ.   

Врз основа на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018-2022) и во согласност до Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор во РМ (2018-2020), а во функција на јакнење на административните капацитети на органите и институциите, воведувањето на ЦАФ моделот во органите на државната управа, државните органи и институциите, како и единиците на локалната самоуправа е приоритет на Владата на Република Македонија. За таа цел, предвидено е ЦАФ моделот да се воведе во 10 институции во Република Македонија. Во овие десет институции и единици на локална самоуправа предвидено е ЦАФ моделот да се воведе со помош на државни службеници кои се сертифицирани обучувачи за имплеметација на ЦАФ моделот.

Овој повик е наменет за:                                                                           

  1. Oрганите на државната управа во Република Македонија (министерствата)
  2. Другите државни органи
  3. Единиците за локална самоуправа (општините, општините во градот Скопје и градот Скопје);

Заинтересираните органи на државната управа, државните органи,  институциите  и единиците на локална самоуправа треба најдоцна до 01-ви октомври 2018 година до Министерството за информатичко општество и администрација да достават писмо/допис со кое се пријавуваат на јавниот повик и во кое искажуваат интерес и подготвеност за воведување на ЦАФ моделот во нивната институција. Писмото треба да е потпишано од функционерот кој раководи со органот на државната управа или државниот орган, раководното лице на институцијата, градоначалникот  на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Дописот треба да има назнака: Пријава на ЦАФ - Министерство за информатичко општество и администрација, Бул„Св. Кирил и Методиј„ бр.54, 1000 Скопје.

Пријавите на заинтересираните институции кои ќе се јават на повикот ќе бидат разгледани од посебна комисија во МИОА. Предност при изборот ќе имаат оние институции кои немаат добиено поддршка од страна на МИОА во претходните циклуси на имплементација на ЦАФ моделот. По завршувањето на рокот за пријавување на веб страницата на МИОА ќе биде истакната листата на избрани институции.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form