Сподели:

Отворена конференцијата на тема: "Современите предизвици во јавната администрација и улогата на партнерство за постигнување решенија"

Скопје, 25 октомври 2018 год.

Центарот за државни служби во Астана заедно со Министерство за информатичко општество и администрација ја организираат конференцијата "Современите предизвици во јавната администрација и улогата на партнерство за постигнување решенија", во Скопје, Македонија.
 
Конференцијата официјално ја отворија министерот за информатичок општество и администрација Дамјан Манчевски, Аликхан Баименов претседавач со Астана, министерот за администрација на Србија, Бранко Ружиќ, министерот за администрација на Косово, Махир Јагчилар, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија,претседателката на РеСПА, Ратка Секулиќ и Мирослава Боричка, претставник на СИГМА.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите на МИОА, во делот на реформата на јавната администрација и спроведување на Стратегијата и Акцискиот план. 

Државниот секретар Јахија зборуваше за важноста на соработката со земјите од регионот, но и соработката со државите членки на Астана. Тој ги поздрави заложбите и парнерството со СИГМА и Европската Унија, како клучен партнер во сите процеси кои ги спроведува МИОА.

Конференцијата има за цел да ја истакне улогата на партнерство за надминување на современите предизвици преку презентирање на практиките на земјите, како и соработката за унапредување на државните служби и научените лекции.

Денеска и утре главен фокус на конференцијата се реформата во јавната администрација и заедничкиот пристап на земјите од регионот. 

 

Министерство за информатичко општество и администрација
 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form