Сподели:

Заклучоци од конференцијата на тема “Модерни предизвици во јавната служба и улогата на партнерството за изнаоѓање на решенија”.

Скопје, 27 октомври 2018 год.

На 25-26 октомври 2018 година во Скопје, Р. Македонија, Центарот за државни служби во Астана (ACSH), во заедничка соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, организираше конференција на тема “Модерни предизвици во јавната служба и улогата на партнерството за изнаоѓање на решенија”.

Целта на конференцијата беше да се нагласи улогата на партнерството при справувањето со модерните предизвици, преку презентација на практиките на земјите за соработка со цел подобрување на државната служба и научените лекции од истото.

На официјалнoто отворање се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, Аликхан Баименов- претседавач со Астана, министерот за администрација на Србија, Бранко Ружиќ, министерот за администрација на Косово, Махир Јагчилар, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, претседателката на РеСПА, Ратка Секулиќ и Мирослава Боричка, претставник на СИГМА.

Настанот успеа да ги спои на едно место практичарите, експертите, академските истражувачи од земјите учеснички во Центарот за државни служби во Астана (ACSH), со цел споделување на нивното искуство.

Еден од заклучоците што произлегоа од конференцјијата беше дека професионалните мрежи и платформи можат да бидат моќни механизми за подобрување на ефективноста и ефикасноста на државната служба во земјите.

На конференцијата се дискутираше за постигнатите резултати и стекнатите искуства од примената на различните пристапи во системите на земјите, како и идентификување на најдобрите решенија за најдобро функционирање и развој на јавната служба  во земјите.

 

Владите на земјите бараат свои индивидуални решенија за денешните предизвици. Приоритетите во однос на развојот и подобрувањето на државната служба зависи од глобалните, регионалните и специфичните фактори на секоја земја посебно.

На конференцијата се разговараше за партнерството и соработката кое е во полза на сите земји и игра многу значајна улога, што може да се види од индивидуалните искуства на многу земји при решавањето на модерните предизвици. Тука се прикажува важноста и потребата за заедничко решавање на проблемите и предизвиците кои се појавуваат при развојот на ефективна државна администрација.

Затоа, постои многу силна корелација помеѓу развојот на новите технологии и модалитети за соработка со земјите коишто имаат акумулирано огромно искуство и коишто имаат развиено ефикасни системи за државна служба од една страна, и зголемување на градењето на партнерство помеѓу земјите и соработка во склоп на професионалните платформи, од друга страна. Во тој поглед, од големо значење е земјите да ги изградат своите капацитети преку креирање на силна основа за мрежна соработка.

Главната цел на конференцијата беше да се обезбеди платформа за државните службеници и практиканти, академиците и експертите да дадат свое излагање во врска со тековните прашања, да се разменат искуства и нови трендови во државната служба. Истражувањата од случаите и наодите од истражувањата од различни земји и интернационални експерти треба да ги потенцира успешните примери и научени лекции, коишто можат да се покажат како корисни за други учесници.

Идентификувани се следниве резултати кои произлегуваат од конференцијата:

Запознавање на учесниците со постоечките пристапи на различни учесници од Центарот како и од други земји
Овозможување на споделување на заеднички проблеми и прашања, како и развивање на решенија
Зајакнување на соработката помеѓу агенциите за државна служба кои учествуваат на настанот, и градење на партнерство со мрежите на експерти
Правење на мрежа за креатори на политики, практичари и други партнери, со цел споделување на знаење и искуство во областа на реформа на јавна администрација
Овозможување на техничка поддршка и консултантски услуги на владите за препораки за развој на политика во проценката на ефикасноста, како и зајакнување на капацитетот во прашањата поврзани со државната служба.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form