Сподели:

Јавни консултации на тема Акциски План за сајбер безбедност 2018-2022 во Клуб на пратеници на 31.10.2018 година

Скопје, 29 октомври 2018 год.

Во jули 2018 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Во рамките на оваа активност, свој придонес дадоа претставници од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните, и тоа преку предлози, препораки и коментари.

По усвојување на Стратегијата, објавена е и работна верзија на Акцискиот план за сајбер безбедност 2018-2022 на Република Македонија. За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани страни на Јавни консултации на 31.10.2018 година во Клубот на пратеници, каде учесниците може повторно да го дадат својот придонес во процесот на дефинирање на активностите предвидени за реализација на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022 на Република Македонија.

Во прилог е агендата за настанот, како и линк до Работната верзија на Акцискиот план за сајбер безбедност 2018-2022 на Република Македонија, објавена на почетокот на октомври 2018 година. Ве молиме пронајдете го соодветниот термин во кој би сакале да присуствувате и потврдете го Вашето присуство на cyber_security@mioa.gov.mk.

Ве очекуваме.

Национална стратегија за сајбер безбедност на РМ

Акциски план за сајбер безбедност на РМ

Агенда за настанот

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form