Сподели:

Известување за достава на Годишен план за обуки за административни службеници за 2019 година

Скопје, 28 ноември 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) потсетува на законската обврска од член 58, став (1) од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), за донесување на Годишен план за обуки на административни службеници, од страна на органите и институциите од член 3 став (1) од истиот закон, а по претходно добиено мислење од Министерството за информатичко општество и администрација.

Во таа смисла, МИОА донесе Годишна програма за генерички обуки на административните службеници за 2019 година.

Истовремено, укажуваме на законскиот временски рок за подготовка на индивидуалните планови за стручно усовршување, а прецизиран во “Правилник за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на извештајот за полугодишно интервју, поблиските критериуми за начинот на оценување на административниот службеник, поблиските критериуми за начинот на оценување на административен службеник во институции со помалку од 20 административни службеници, формата и содржината на обрасците за оценување, формата и содржината на извештајот со ранг листа на годишни оценки, како и содржината на извештаите и начинот на оценување на административните службеници во други околности“ (“Службен весник на РМ“ бр. 63/2018).

Имено, согласно член 2 став (1): “Од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, односно раководниот  административен службеник, односно секретарот или раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, во случаите кога административниот службеник нема непосредно претпоставен административен службеник (во натамошниот текст: претпоставениот), во периодот од 01 до 15 декември, се утврдуваат работните цели и задачи за наредната година, како и индивидуалните планови за стручно усовршување за сите административни службеници со кои раководи“.

Имајќи го предвид горе споменатото, а заради навремено добивање на мислење од МИОА, во законски утврдените рокови; органите, институциите и единиците на локалната самоуправа, потребно е да достават на мислење Годишен план за обуки на административните службеници за 2019 година, за сопствената институција, најдоцна до 26-ти  декември 2018 година.

При подготовка на нацрт-документот молиме да се следат насоките од “Правилник за содржината и формата на годишен план за обуки на административните службеници и извештајот за негова реализација“ (“Службен весник на РМ“ бр. 142/2014) и нацрт-документот дополнително да се испрати во електронска форма, на следната веб-адреса: obuki@mioa.gov.mk .

Темплејт за Годишен план за обуки на административни службеници

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form