Сподели:

Состанок на работната група задолжена за подготовка на Националниот оперативен план за широкопојасен интернет

Скопје, 7 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска со работната група задолжена за подготовка на Националниот оперативен план за широкопојасен интернет, го финализираат нацрт-текстот на оперативниот план.

Откако со работната група ќе бидат усогласени сите отворени прашање и дилеми, со цел подобрување на текстот, Националниот оперативеп план ќе биде разгледуван и на широка јавна дискусија, а ќе биде доставен на мислење и во Европската Комисија.

Само со транспарентен и инклузивен пристап, ќе се усвои план којшто одговара на потребите на нашите граѓани и е во согласност со насоките и трендовите во Европската Унија.

Во подготовката на Националниот оперативен бродбенд план земени се во предвид препораките и регулативата на ЕУ за развој на следните генерации бродбенд мрежи, препораките за користење на државна помош за развој на бродбендот, стратегијата на ЕУ од 2018 година за проширување со земјите од западен Балкан , извештаите на ЕУ за развој на бродбенд пазарите, извештаите од меѓународни институции за развојот на електронските комуникации во регионот (Светска Банка, итн), извештаите и искуството од земјите членки на ЕУ во користењето на државна помош за развој на бродбендот.

Со цел подготвување на Националниот оперативен бродбенд план, МИОА на почетокот на 2018 година формираше четири работни групи:

-              Работна група за обезбедување на подобра координација на процесот на мапирање на територијата на РМ со постоечки и планирани идни бродбенд мрежи од операторите,

-              Работна група за утврдување на слободни капацитети и нивно идно користење кај постојни електронски комуникациски мрежи и средства изградени со јавни средства,

-              Работна група за утврдување мерки и активности потребни за воведување на 5G мобилна технологија, и

-              Работна група за утврдување предлог мерки за потикнување и зголемување на интересот на граѓаните за користење на бродбенд.

Во работните групи учествуваат преставници од државни органи и тела, регулаторни тела, универзитети, општини, оператори, стопански комори, јавни претпријатија.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form