Сподели:

Манчевски на презентацијата на Научно технолошки парк во Скопје

Скопје, 11 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на презентацијата на нацрт Студијата за изводливост за Научно- технолошки парк во Скопје. Носител на проектот е Фондот за иновации и технолошки развој, а се имплементира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Како што потенцираше министерот Манчевски, идејата за технолошки парк во минатото била далеку од реализација, за разлика од денес.

„Среќен сум што имаме не само презентација на физибилити студија којашто ја финансираше и Европската Унија, туку за разлика од други проекти или Стратегии, веќе се обезбедени и целосни финансиски средства и целосна конструкција за тој да стане реалност. Следната година многу брзо, откако оваа студија ќе се финализира, ќе се направи комплетниот план и технолошкиот парк ќе стане реалност“, истакна министерот Манчевски, изразувајќи задоволство што се вклучени сите универзитети и стопански комори.

Според министерот Манчевски, државата нема намера да биде сопственик ниту водач во технолошкиот парк, туку тоа треба да бидат Универзитетите, бизнисот и студентите, што всушност го покажува и избраната локација, со цел да се развие нов вид на претприемнички дух и задржување на младите во нашата држава, односно квалитетниот кадар.

На презентацијата се обрати и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, кој посочи дека на вчерашниот состанок биле прецизирани деталите за претстојните активности во насока на целосна реализација. Притоа појасни дека Научно-технолошкиот парк ќе има три столба, односно првиот ќе значи поддршка на процесот на дигитализација, вториот столб е делот за трансфер на технологија а третиот е акцелерација на старт-ап компании“.

На денешниот настан беше презентиран севкупниот концепт на Научно- технолошкиот парк, а присутните, меѓу кои претставници на релевантни институции, факултети и стопански комори,  имаа можност да дискутираат и дадат свои предлози до конечна финализација на проектот, во којшто е вклучен и тим од меѓународната консултантска фирма „ДАИ“, како и претставници на делегацијата на Европската Унија во државата. 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form