Сподели:

Министерот Манчевски дел од традиционалниот Вевчански карневал: Критиката изразена преку маски, нас нѐ прави подобра власт

Вевчани, 13 јануари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска присуствуваше и се обрати на традиционалниот Вевчански карневал „Василичари 2019“.

Како што истакна министерот Манчевски, карневалот во Вевчани претставува симбол на демократијата, сатирата и критиката во Македонија.

„На оваа сцена во Вевчани, продефилирале илјадници маски изминатите стотици години. Ние, политичарите сме најчеста мета и мотив за тие маски, и јас сум сигурен дека во вашите маски ќе видам и мои колеги, а можеби ќе се препознаам и себеси. Така и треба да биде. Вевчанскиот карневал е огледало на нашата реалност и на политиките на секоја власт, па и на актуелната. Сигурен сум дека многу маски денеска ќе ме насмеат, но и ќе направат да се замислам, за тоа каде грешиме и што можеме како Влада да корегираме. На крајот на денот критиката служи за од нас да направи подобра власт“, истакна министерот Манчевски.

Во рамки на Вевчанскиот карневал, домаќинот, градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, организира и коктел, каде покрај министерот Манчевски, присуствуваа и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, и амбасадорката на Велика Британија во Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form