Сподели:

МИОА го проширува системот за микроучење за сите вработени во јавната администрација

Скопје, 16 јануари 2019 година

Во 2019-та година, МИОА го проширува системот за микроучење, за вработените во јавната администрација. Листата се зголемува со сите институции кои до сега не беа регистрирани, се со цел секој вработен во јавната администрација да има пристап до обуките што МИОА ги нуди. Во моментов МИОА располага со 42 различни курсеви.

Системот за Микроучење овозможува надградување на знаењата на администрацијата преку кратки лекции во текот на работното време.

Овој вид на учење е овозможен од развиено софтверско решение (KnowledgePulse) кое на индивидуалниот персонален компјутер на службеникот му овозможува да следи курсеви и да учи по пат на одговарање на прашања. На овој начин учењето е едноставно и достапно на сите вработени во администрацијата. Имајќи го ова во предвид, преку зголемување на знаењето на вработените успешно се управува со реформата на јавната администрација и се подобрува ефикасноста и ефективноста на градењето на капацитетите во јавниот сектор и воедно се обезбедува исплатливост на инвестициите во обуки.

Спроведувањето на обуки преку системот за микроучење е инкорпорирано во целокупниот систем за обука, односно регулирано со  Правилникот за начинот на спроведување на обуки во училница и преку електронскиот систем за управување со обуки.

Сите потребни информации се достапни на: http://mioa.gov.mk/?q=mk/knowledge-pulse

Информацијата за проширување на системот за микоручење, ја усвои Владата на последната седница.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form