Сподели:

Студентски пракси за дигитални вештини во рамки на програмата Еразмус +

Скопје, 18 јануари 2019 година

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место, така и во приватниот живот.

Со цел што поголем број на граѓани во Европа да се стекнат со овие дигитални вештини, Европската комисија започна неколку иницијативи.

Во јануари 2018 година се донесе Акцискиот план за дигитална едукација (Digital Education Action Plan), со единаесет конкретни активности за поддршка и подобра искористеност на дигиталните технологии во образованието, развој на дигиталните вештини, како и подобра искористеност на податоците во образованието.

Европската комисија, исто така ја објави програмата “Обуки за дигитални можности” (Digital Opportunity Traineeships), за напредни дигитални вештини во рамки на меѓугранични обуки за студенти од сите дисциплини.

Тоа што е особено значајно за нас е што оваа програма е отворена за студенти и претпријатија од Македонија. Ова нуди можност за сите млади да добијат искуство во дигиталната сфера, поточно во делот на анализа на податоци, сајбербезбедност, но и многу други теми.

Оваа иницијатива се имплементира во рамки на Еразмус + програмата.

Високообразовните институции носители на Еразмус универзитетски повелби (Еразмус чартер) се клучен актер во овој процес.

Со таа цел, а во координација со Европската комисија и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, Владата на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ги повикуваат сите заинтересирани високообразовни инститиуции да се пријават на повикот, да се приклучат на иницијативата и да воспостават партнерство со европските држави (програмските држави), но и со државите од Западен Балкан (партнерските држави).

Сите иницијативи треба да се објават на платформата www.ErasmusIntern.org со назнака „Digital Opportunity Traineeship“.

Повеќе информации за оваа програма на следниот линк: https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/digital-opportunity-traineeships-boosting-digital-skills-job

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form