Сподели:

Повик за стипендии за административни службеници

Скопје, 25 јануари 2019 година

Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) го објави новиот повик за стипендии за административни службеници. Образовната едногодишна програма ги поддржува администрациите на Западен Балкан преку едукација и мотивирање на јавните службеници да практикуваат и да се залагаат за европските принципи на јавната администрација.

Овогодишната програма е наменета за вработените во јавната администрација од Западен Балкан (Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина) и нуди можност за стажирање до два и пол месеци во државните институции на земјите-членки на Европската унија: Австрија, Белгија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Германија, Италија, Ирска, Холандија, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

Програмата е специјално дизајнирана за вработени кои работат во областа на правдата, безбедноста, економијата, енергијата, транспортот и дигиталната политика, социјалната политика, образованието, истражувањето и иновациите и јавната администрација.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form