Сподели:

Заменик-министерот Бајдевски во работна посета на Талин, Естонија

Талин, 27 март 2019 година

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски е во работна посета на Талин, Естонија.

Тој заедно со претставници на МИОА, денеска оствари средба со Пирет Урб, шеф на оддел за меѓународни односи, РИА и со Уку Сарекано, раководител на одделот за сајбер-безбедност.

Делегацијата предводена од заменик-министерот Бајдевски оствари средби и со Андруш Каарелсон, во својство  на генерален директор на РИА, Сандра Сарав,  директор за глобални прашања при Одделот за државни информатички системи и Јанек Розов, претставник од Министерството за економија и комуникации - одделение за развој на услуги на информатичко општество.

На крајот на денешниот работен ден, Бајдевски се сретна и со Пирет Сарти, раководител на Одделот за земјишни регистри, Центар за регистри и информатички системи (РИК).

Посетата на Талин, Естонија, на делегацијата од МИОА, продолжува и утре.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form