Сподели:

МИОА го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година

Скопје, 31 март 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година.

Извештајот содржи информации за структурата на вработените во јавниот сектор. Нивниот број, распределбата по дејности и институции, половата, етничката и возрасната застапеност. Податоците во Извештајот се резултат на вкрстена анализа на податоците од МИОА, Министерството за финансии, Агенцијата за вработување, и Фондот за здравствено осигурување.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2018-та година во изнесува 132.068. Вработените се распределени во 1.314 институции.

Во анализата на вработените исклучени се податоците за 19.904 лица (МВР, Армија и Агенција за разузнавање). Овие институции влегуваат во вкупната бројка, но за нив не се објавуваат детални анализи од безбедносни причини.

Бројот на вработени во органите на државна власт во 2018-та година изнесувал 16.594, наспроти бројката на вработени во јавниот сектор, којашто изнесува 132.068. Во најголем дел од институциите кои спаѓаат во оваа категорија се бележи намалување на бројот на вработени.

Процентот на жени вработени во јавниот сектор е поголем од процентот на мажи. Бројот на жени во јавниот сектор е зголемен во однос на 2017-та година, кога имало 58,564 жени, а во јавниот сектор во 2018 година, бројот на жени изнесувал 60,593.

Во однос на образовната структура, во 2018-та година зголемен е бројот на вработени со високо образование и вработени магистри.

Со високо образовние во  2017та година имало 46.405, додека во 2018та година, бројот изнесува 50.301. Во 2017та имало 4.861 магистер, додека во 2018 имало 5.053.  Овој податок значи дека конечно во јавниот сектор се вработуваат соодветни и висококвалификувани кадри, согласно потребите на институциите.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form