Сподели:

Клучни имплементирани испораки од првиот Дигитален самит мај 2018 година – април 2019 година

Скопје, 03 април 2019 година

На првиот Дигитален Самит во Скопје, што се одржа април 2018 година, ја изразивме нашата заедничка амбиција да го користиме дигиталното поврзување за да поттикнеме економски развој, да им понудиме повеќе можности на нашите граѓани преку зајакната регионална соработка и заложби за ангажирање во конкретни регионални иницијативи за дигитални вештини, доверба и сигурност, дигитално поврзување и дигитална економија и општество, како и да привлечеме повеќе инвеститори во регионот на Западен Балкан.

Изјавата за поддршка за Дигиталната агенда за Западен Балкан, којашто ја потпишавме за време на Самитот во Софија, даде јасна визија за дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан.

Имавме напредок од заедничката работа и го просведочивме развојот постигнат од последниот Дигитален Самит. Ги делиме истите ентузијазам и амбиција за забрзување на процесите во поддршка на регионалната дигитална трансформација.

Клучни достигнувања во Северна Македонија

  • Напредно ниво на подготовка на долгорочната стратегија и Aкциски план за ИКТ;
  • Усвоени Стратегија и Акциски план за сајбер-безбедност;
  • Испорачани програми за градење капацитети за сајбер-безбедност за јавниот и владиниот сектор (Менаџер за управување со ризици ISO/IEC 27005; Проценка на ранливост);
  • Организирана Првата национална вежба со симулација за справување со инциденти поврзани со компјутерска/ИКТ безбедност на национално и меѓународно ниво;
  • Организирана работилница на тема „Превенција на губење податоци, класификација и привилегирано управување со пристапот до податоци во контекст на Општата регулатива за заштита на податоците (GDRP)“;
  • Домаќин на Работилницата организирана од DCAF и FIRST на тема „размена на информации/ курс за Fusion“, наменети за тимовите за справување со инциденти поврзани со компјутерска безбедност (CSIRT) од регионот на Западен Балкан;
  • Потпишан Протокол за соработка меѓу националниот центар за справување со компјутерски инциденти (CIRT) на Северна Македонија и центарот за справување со итни компјутерски инциденти (CERT) на Србија;
  • Организирана регионална конференција за сајбер-безбедност за соработка и размена на информации; 
  • Подготвителна фаза за транспонирање на Директивата на ЕУ за мрежна и информациска безбедност (EU NIS);
  • Извршено мапирање на постојната и планираната бродбенд-покриеност на целата територија за да им се овозможи на приватните компании да ја користат постојната инфраструктура во државата;
  • Инвестирани 10 милиони евеа за оптичка мрежа од 200 км од компанијата за пренос на електрична енергија МЕПСО;
  • Усвоен Националниот оперативен бродбенд план;
  • Успешно завршена и доставена апликација за WBIF;
  • Потпишан Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг со Грција;
  • Усвоени измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации во однос на роаминг;
  • Започната тендерска постапка за радиофрекфенции во опсег од 2100 MHz, овозможувајќи им на постојните оператори да го подобрат квалитетот на услугите и нудејќи им можност за развој на конкуренцијата;
  • Промовиран научно-технолошки парк, Деловно-технолошки акцелератор УКИМ, кој работи како дел од научно-технолошкиот парк;
  • Доделени јавни финансиски средства во износ до 500,000 евра за оперативни трошоци и капитални инвестиции за стартапи – вкупно три ацелератори, од кои еден со фокус на пазарот на КТ;
  • Објавен нов јавен повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани претпријатија – стартап и спиноф“ со вкупен буџет од еден милион евра. Се очекува на повеќе од 30 компании да им бидат доделени грантови од овој повик;
  • Законот за електронска документација, електронска идентификација и доверливи услуги, усогласен со eIDAS, Законот за електронско управување и Законот за централен регистар на население се во собраниска процедура;
  • Отворена Сала за услуги како Една точка за услуги од 10 институции;
  • Пуштен во употреба новиот портал за отворени податоци; 44 јавни институции веќе имаат објавено вкупно 198 податочни сетови;
  • Воспоставен Дигитален форум со претставници од сите стопански комори, академската заедница и невладините организации, како професионално советодавно тело во областа на информатичкото општество; 
  • Усвоен Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и други услуги на пазарот на трудот за 2019 година, кој опфаќа широк опсег информатички и дигитални вештини (700,000 евра);   
  • Отпочната првата фаза на регионалниот проект „Училиштата на 21-от век“, во моментов се спроведува во 20% од основните училишта во Северна Македонија;
  • Успешно организирана заедничка Европска недела на кодирање, во која учествуваа повеќе од 130 училишта.

Клучни регионални достигнувања

  1. Започната Дигитална агенда за Западен Балкан;
  2. Воспоставен структуриран регионален политички дијалог на високо ниво за дигитална трансформација на Западен Балкан – што припаѓа на Западниот Балкан и се базира на соработка меѓу властите и институциите;
  3. Подготвен новиот сеопфатен договор „за намалување на цената на услугите за роаминг во мрежите за јавни мобилни комуникации во регионот на Западен Балкан“ за да се продолжат процесите на намалување на цените во роаминг за сите корисници во регионот на Западен Балкан и да се поддржи имплементацијата на План олеснување на процесот на намалување на цените во роаминг меѓу ЗБ -  ЕУ;
  4. Зајакнати капацитети за сајбер-безбедност и одржан регионален дијалог и соработка меѓу Тимовите за справување со инциденти поврзани со компјутерска безбедност во шесте земји од Западен Балкан (WB6 CSIRTs); Зголемено градење на капацитетите за мрежа на CSIRT; Елабориран сеопфатен преглед и анализа за сајбер-безбедност и онлајн-радикализација во Западен Балкан; Регионална конференција за сајбер-безбедност, организирана во Скопје на 9 - 10 октомври 2018 година;
  5. Спроведен дијалог помеѓу регулаторите за ИКТ меѓу Западен Балкан и Европската Комисија;
  6. Западен Балкан го зголеми своето учество во дигиталните рамки на ЕУ, вклучително и во Канцелариите за поддршка на широкопојасен интернет, Иницијативата за прекугранични дигитални обуки, Европската недела на кодирање;
  7. Отворен пакет за значителна техничка помош за идентификација на потенцијални дигитални инвестиции преку WBIF/IPA; 
  8. Зголемени регионални интервенции за дигитална писменост и вештини;
  9. Спроведена проценка на влијанието на дигитализацијата врз просперитетот на Западен Балкан – проценка предводена од индустријата, презентирана за време на Дигиталниот самит во Скопје.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form