Сподели:

Работен состанок на членовите на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси

Скопје, 19 јуни 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го организираше првиот работен состанок со членовите на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси.

Целта на состанокот беше важноста на Мрежата во контекст на реформата во јавната администрација. Исто така, имаше отворена дискусија за електронскиот портал, за начинот на организирање на Форумот за размена на идеи и мислења во рамки на Мрежата за управување со човечки ресурси, очекувани измени на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор и анализа на потребни обуки за одделенијата за човечки ресурси.

На состанокот беа разменувани повеќе идеи, мислења и начини како може да биде организиран Форумот на мрежата на управување со човечки ресурси, проблемите со кои административните службеници се соочуваат при работа и примена на Законите како и за нивните потреби за обука, која би им помогнала во нивното работење.

Имено, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, планира да одржи уште три работни состаноци на територијата на Република Северна Македонија, со други институции.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form